Лесно до совршен оброк: 7 совети за целосни почетници во кујната

Ако кујната ви изгледа како голем предизвик, не очајувајте. Сите мора да започнеме od некаде.

0
189

Сите оние кои се најдоа за првпат во ситуација сами да си ги приготвуваат секојдневните оброци, во кујната кадешто сè е ново, неистражено, чудно и полно со правила, знаат колку е тешко да се започне со готвење. Кога велиме „готвење“, мислиме на подготовка на фини и вкусни јадења што се чекор подалеку од пржење лепчиња со јајца.

Ако кујната ви изгледа како голем предизвик, не очајувајте. Сè започнува со мали чекори, а ние ви носиме седум совети што може да ви се најдат на почетокот на вашата кулинарска кариера.

Црвено месо

Почетниците честопати се борат со подготовка на добар стек кој, дури и кога е добро печен, не треба да биде сув. Ако ви се случило ова и сакате да ја избегнете истата ситуација по вторпат, завиткајте го месото во алуминиумска фолија и оставете го да отстои пет минути. На тој начин сите сокови ќе се соединат пред да го исечете.

Дајте им на состојките воздух

Честа грешка е да преполнувањето на садовите со многу намирници на кои им треба простор за да „дишат“. Зошто? Бидејќи кога ќе ја преполните тавата, топлината не се расподелува на еднакви делови и вашите намирници ќе се зготват различно, што во голема мера ќе влијае на крајниот вкус. Додавајте ги состојките постепено и не ги трупајте сите.

Зачини

И покрај тоа што е кул да гледате врвни готвачи како фрлаат навидум секакви зачини во нивните оброци, за почеток е важно да се забави. Прво запознајте ги зачините бидејќи со погрешни комбинации, можете да го расипете јадењето.

Преварени јајца

Иако јајцата се сметаат за наједноставен оброк што можете да го подготвите, постојат неколку трикови за тоа како да излезат што е можно подобро. Ако подготвувате варени јајца, важно е да не ги преварите. Неколку минути пред да бидат готови, едноставно исклучете го шпоретот и оставете ги да се варат уште малку.

Зачински билки

Одличен совет поради кој нема да ви се случи билките што ги сечкате на даската да завршат низ целата работна маса. Пред да ги наредите билките за сечење, посолете ја даската. Секако, не претерувајте за да не излезат премногу солени, туку распоедете прстофат сол на површината на даската и така билките нема да „летаат“ насекаде додека ги сечете.

Зовриена вода

Спротивно на популарното верување, додавањето сол на водата нема да ја намали нејзината точка на вриење. Но, тоа може да додаде подобар вкус на вашите тестенини. Додадете една до две лажици сол во големо тенџере, промешајте и потоа кога ќе зоврие, додадете ги тестенините. Ова е многу едноставен начин да го подигнете вкусот на вашиот оброк на ново ниво.

Сос

Следејќи го претходниот совет при готвење тестенини, користете ја водата што ви останала откако ќе ја исцедите. Водата во која се готват тестенините може да биде одличен додаток на сосот што сте го смислиле бидејќи ќе го подобри вкусот, а патем може да ви помогне и за да го разредите сосот ако претерате со некоја од состојките.

Фото: Pixabay