Лепчиња со маслиново масло

Иако во нив нема ниту јајца, ниту млеко, овие лепчиња се многу вкусни, особено кога се уште топли. Од обичниот леб се разликуваат по тоа што во нив наместо лажица-две, се ставаат 100 мл маслиново масло

0
225

Состојки:

1 кг брашно

500-600 мл млака вода

100 мл маслиново масло

1 лажичка сол

1 голема лажица шеќер или мед

1 сув квасец

Сусам или црно семе за поросување

Приготвување:

Од состојките се замесува меко тесто, се покрива со крпа и се остава да надојде околу 40 минути. Од тестото се прават топчиња, се премачкуваат со вода и се поросуваат со сусам или со црно семе. Се оставаат да постојат уште 15-20 минути а потоа се печат во загреана рерна на 200 степени.

Готови се за околу 20-25 минути.

По желба се попрскуваат со уште малку маслиново масло или со вода и се покриваат со крпа.