Лепче и сиренце

Се сеќавате колку често се јадеше порано оваа комбинација? Се јаде и денес, особено ако има и тазе ајвар, ама тој не е дел од текстов...

0
248

Леб и сирење е многу повеќе од за многумина омилениот појадок или вечера. Благодарение на комбинацијата на овие две намирници, телото се снабдува со многу потребни хранливи материи.

Додека сирењето е, пред сè, извор на лесно сварливи протеини, калциум и вредни млечни масти, лебот преку јаглехидратите ни обезбедува енергија.

Но, ниту содржината на протеини во лебот не е занемарлива. Сирењето и лебот се богати со витамини од групата Б, кои се неопходни за развој и регулирање на важните метаболички процеси.

А не е дека немаме убави сирења. Исто така, важен е веројатно и изборот на лебот, ама има толку многу комбинации со најразлични здрави семиња и брашна, што е глупо да не уживаме во омилените вкусови на лепчето и сиренцето, нели?

Фото: Pixabay