Леб со овесно брашно и путер

Уште една варијанта од навистина безбројните варијанти за домашен леб. Овој е крцкав однадвор, а мек одвнатре и мириса на путер

0
255

Можат да се прават безброј варијанти со различни видови на брашно, со квасец или кисело тесто со домашна маја, со прашок за пециво или со сода бикарбона, со семки или без и која и да ја направите, секогаш ќе биде поздрава варијанта од купечките индустриски лебови или оние од кеса.

Затоа, засукајте ги ракавите и наполнете ја куќата со мирисот на тазе печено лепче. И за ниту една варијанта не треба голем труд, ако правите со маја, состојките ги мешате навечер и сабајле печете, ако правите со квасец, замесувате сабајле, печете за 1-2 часа, ако правите со пециво, мешате и печете веднаш.

Оваа варијанта содржи три вида на брашно: овесно, бело и пченкарно, нормално се отприлика, но не повеќе од 1 кг вкупно. Ставивме еден сув квасец, лажица мед, малку сол, 1 јајце и млака вода за да го замесите тестото.

Се остава еден час да нарасне, се премесува, се дели на два дела, се обликуваат, се засекуваат, одозгора се ставаат парченца путер и се става да се пече. Готово е за 40 минути.

Покријте го со крпа и почекајте да се олади. Потоа, запрете се ако можете, крцкаво однадвор, меко одвнатре, мириса на путер.