Куркума – чудо на природата: против карцином, Алцхајмер, артритис,…

Одамна е познато дека куркумата има антиинфламаторно својство, но неодамнешните истражувања покажуваат дека е вистинско чудо на природата. Потврден е благотворниот ефект на куркумата кај многу заболувања - од карцином до Алцхајмер.

0
605

Куркумата е еден од најмоќните природни лекови. Одамна е познато дека има антиинфламаторно својство, но неодамнешните истражувања покажуваат дека е вистинско чудо на природата. Потврден е благотворниот ефект на куркумата кај многу заболувања, од карцином до Алцхајмерова болест.
Во ајурведската медицина, куркумата одамна е позната како растение кое го зајакнува и го храни телото.

Се користи за:

  • зајакнување на варењето на храната
  • обновување на цревната флора
  • намалување на надуеноста
  • чистење на црниот дроб и жолчното кесе
  • нормализација на менструацијата
  • намалување на воспалението кај артритис
  • прочистување на крвта
  • стимулирање на метаболизмот
  • проблеми со кожата
  • респираторни проблеми
  • против габи и бактерии
  • против цревни паразити

Кај нас куркумата беше целосно непозната се до доцните години на 20 век, но сега
станува сè попопуларен и како зачин, и како лек.
Во однос на хранливата вредност, куркумата е богат извор на железо, манган, витамин Б6, диетални влакна и калиум.
Резултатите од бројните студии покажуваат дека куркумата е ефикасна во лекувањето на артритис, дерматитис и егзема, киселини, инфекции, чиреви, болести на бубрезите и камења во жолчката. Заштитува од многу видови на карцином.

Една од најважните карактеристики на куркумата се нејзините различни антиканцерогени ефекти. Ова се верува дека се должи на неговите антиоксидантни, антиинфламаторни и имуностимулирачки својства.
Куркумата е најефикасна во спречувањето на карцином на јајници.
Исто така е корисна за жените во менопауза кои земаат додатоци на хормони, за да го намалат ризикот од карцином на дојка.
Други истражувања покажуваат дека куркумата помага во спречување на рак на дебелото црево и простатата и леукемија кај деца.

Ефикасно помага при ревматизам и артритис

Поради своите антиинфламаторни својства, куркумата често се користи во природните производи за лекување на артритис.
Некои билки се поефикасни од конвенционалните лекови за артритис, а куркумата е една од нив.
Таа го има докажано своето антиинфламаторно дејство во бројни студии. Куркуминот – главната активна состојка во куркумата – ефикасно ја олеснува утринската вкочанетост и отокот на зглобовите.

За разлика од конвенционалните лекови за артритис, куркуминот не предизвикува несакани ефекти. Тој е природен и безбеден.
Куркумата делува и како лек за болка и воспаление. Студиите покажуваат дека таа го спречува производството на ензими Cox-2, причина за болка и воспаление кај артритис.

Помага при холестерол, шеќер и габи.

Во другите студии се покажува дека куркуминот е ефикасен во намалувањето на холестеролот и шеќерот, спречува згрутчување на крвта, киселини и заштита на црниот дроб од штетни материи.
Куркуминот исто така може да претставува природна терапија за воспалителни заболувања на цревата, како што се Кронова болест и улцеративен колитис.
Куркумата се смета за еден од најсилните природни антибиотици, но за разлика од другите антибиотици кои ги уништуваат добрите бактерии и флората на цревата, помага да се развијат добри бактерии.
Освен внатрешните проблеми, куркумата е одлична и за лекување на проблеми со кожата, како дерматитис, егзема и псоријаза.
Поради своето антисептичко дејство, може да се користи во преливи за рани и изгореници и против опасни инфекции со Staphylococcus aureus.
Исто така, треба да се спомене и неговата моќна антифунгална акција, особено во случајот со кандида.
За да спречите ширење на кандида, користете куркума орално (во форма на тинктура и локално – во форма на паста направена од лажичка куркума и малку вода).
Во Индија, куркумата се користи и за нега на кожата и традиционално се користи за разубавување на невестите пред свадба.
Куркумата многу помага и при депресија.

Можете да ја користите како зачин во секое јадење, како чај, во сокови, и како тинктура.

Фото: Unsplash