Кој треба да избегнува ѓумбир?

Треба да се биде многу внимателен ако страдате од жолчни камења, ако земате лекови за регулирање на притисокот, дијабетесот и лекови против згрутчување на крвта. Исто така, со ѓумбирот треба да бидат внимателни и бремените жени бидејќи ѓумбирот може да го зголеми ризикот од спонтан абортус.

0
1063

Ѓумбирот е една од најздравите намирници и се користи за лекување на низа тегоби и нарушувања. Сепак, треба да се користи внимателно затоа што не им одговара на сите. Ова особено се однесува на оние кои имаат некои здравствени проблеми, па треба да внимаваат на внесувањето на ѓумбирот.

Ако сте во некоја од овие групи, задолжително консултирајте се со вашиот лекар пред да почнете со консумација.

  1. Луѓе кои земаат лекови за контрола на крвниот притисок

Некои лекови за контрола на нивото на крвниот притисок можат да дојдат во  интеракција со ѓумбирот. Нивото на притисокот тогаш станува прениско и срцевиот ритам може да биде нарушен. Ако земате лекови за крвен притисок, не започнувајте да користите ѓумбир пред да се консултирате со лекарот.

2. Луѓето кои страдаат од жолчни камења

Жолчниот меур се наоѓа под црниот дроб и е поврзан со жолчниот канал и служи како складиште за жолчта што ги разложува маснотиите во цревата. Ако жолчните камења тргнат во жолчниот канал, тие можат да го блокираат протокот на жолч, предизвикувајќи тој да се врати во црниот дроб.

Ѓумбирот го стимулира создавањето на жолч, па луѓето кои страдаат од жолчни камења може да имаат премногу високи нивоа на жолч во жолчниот меур. Експертските мислења се поделени, некои експерти препорачуваат да се зема ѓумбир за отстранување на жолчните камења, додека други веруваат дека во вакви ситуации е подобро ѓумбирот целосно да се избегнува. Ова е причината зошто е важно да разговарате со вашиот лекар пред да започнете да земате ѓумбир, а доколку ви е одобрено да го користите, внимавајте на количината.

  1. Луѓе кои земаат лекови против згрутчување на крвта

Ѓумбирот ја разредува крвта, што значи дека треба да го избегнуваат луѓето што земаат лекови против згрутчување на крвта или имаат нарушувања на крварењето.

4. Луѓе кои земаат лекови за контрола на дијабетесот

Ѓумбирот може да го намали нивото на шеќер во крвта и е добар за дијабетичарите кои го контролираат нивото на шеќер исклучиво со помош на исхрана. Но, во комбинација со лекови, ѓумбирот може премногу да го намали нивото на шеќер и да го зголеми ризикот од хипогликемија. Затоа, дијабетичарите кои земаат лекови или инсулин можат да користат ѓумбир само во консултација со нивниот лекар.

  1. Бремени жени

Бремените жени често користат ѓумбир за да се ослободат од утринските мачнини, но експертите советуваат да не го земате без претходно да се консултирате со вашиот лекар. Истражувањата досега дадоа различни резултати во врска со употребата на ѓумбир за време на бременоста, а загрижувачки е фактот дека ѓумбирот може да го зголеми ризикот од спонтан абортус.

Ова се должи на зголемениот ризик од крварење за време на бременоста, па експертите препорачуваат ѓумбирот целосно да се избегнува ако страдате од нарушувања на крварењето. Во однос на телесната тежина или вродените нарушувања, досегашните истражувања покажаа дека ѓумбирот нема никакво влијание.

Колку ѓумбир смеете да земате?

Повеќето луѓе добро го поднесуваат ѓумбирот и често го користат за ублажување на дигестивните нарушувања (гадење, повраќање), олеснување на симптомите на артритис и менструални болки.

Експертите посочуваат дека луѓето кои не страдаат од какви било медицински состојби, можат да земаат 4 грама ѓумбир во прав дневно. Бремените жени смеат да земаат 1 грам ѓумбир во прав дневно. Во студиите кои ги испитуваат здравствените ефекти на ѓумбирот, најчеста доза била 250 милиграми до 1 грам ѓумбир 3 до 4 пати на дневно.

Она што е одлично кај ѓумбирот е тоа што може да се користи во свежа или мелена сушена форма. Мелениот сушен ѓумбир е многу поконцентриран и треба да го консумирате помалку, а 1 лажица свеж ѓумбир е еднаква на 1/4 лажичка мелен сушен ѓумбир.

Фото: Pixabey