Кој е најдобриот и најздравиот начин за подготовка на кафе?

Од обично кафе до лате и еспресо, овој пијалак е разновиден и задоволува широк спектар на вкусови. Но, дали некогаш сте се запрашале кој е најздравиот начин да направите шолја кафе?

0
314
Фото: Unsplash

Експертите советуваат кoj е најздравиот начин за подготовка на најпознатиот пијалак, па правењето кафе го гледаат од аспектите кои најмногу придонесуваат за нашето здравје.

Секоја година ширум светот се пијат огромни 400 милиони шолји кафе, што не е чудно, бидејќи во многу земји правењето кафе наутро е стандарден ритуал.

Од обично кафе до лате и еспресо, овој пијалак е разновиден и задоволува широк спектар на вкусови. Но, дали некогаш сте се запрашале кој е најздравиот начин да направите шолја кафе?

Дали воопшто треба да пиете кафе?

Кафето нуди неколку придобивки, но не секој може да ужива во нив. Вил Кол, автор на книгата „Ketotarian“, објаснува дека луѓето имаат две варијанти на генот за кофеин CYP1A2, кој го контролира истоимениот ензим и одредува колку добро телото го метаболизира кофеинот.

Организмот кој е класифициран како брз метаболизатор добро го поднесува кафето и кофеинот брзо го напушта неговиот систем. Доколку припаѓате на овој тип, тогаш можете да пиете кафе без никакви негативни ефекти и да уживате во неговите здравствени придобивки.

Сепак, бавниот метаболизам на телото го задржува кофеинот подолго, што значи дека неговите ефекти се чувствуваат подолго. Во тој случај, вие сте почувствителни на стимулирачките ефекти на кофеинот.

Постојат тестови кои можат да ви помогнат да ја одредите вашата генетска структура. Алтернативно, можете да консумирате кафе врз основа на вашите лични чувства.

Дали кафето влијае негативно на вас? Ако кафето ви создава нервоза, подобро е да престанете да го пиете или да се префрлите на некоја алтернатива како какао, бело кафе или топло чоколадо.

Ако сакате да пиете кафе, варењето на една шолја кафе секое утро е здрав начин да го започнете денот.

Кој е здрав начин за подготовка на кафе?

Кога правите кафе, треба да земете предвид два главни фактори:

– Потенцијална токсичност на материјалот во кој се вари кафето
– Ефектот на начинот на готвење врз зрната кафе

При изборот на сад за готвење, експертите ја препорачуваат француската преса или пак ѓезве. Садовите направени целосно од стакло или нерѓосувачки челик се најдобри за овој метод.

Француската преса и преливањето на кафето со зовриена вода нудат најмногу предности при правењето кафе.

Дејв Аспреј, авторот на бестселерот за кафето, вели дека мрежестиот филтер од не’рѓосувачки челик на француската преса и основниот отворен метод на преливање со помош на ѓезве овозможуваат природните масла од кафето да преминат во напитокот. Ова му дава на кафето подобрен вкус и ги чува полифенолите кои имаат многу здравствени придобивки.

Опасност кај другите методи на правење кафе

Ако не ги чистите апаратите за кафе редовно и правилно, тие може да имаат одредени недостатоци поради материјалите што се користат за пакување на капсулите.

Пластичните капсули не се биоразградливи, бидејќи се направени од повеќе видови материјали, што ги прави многу тешки за рециклирање.

Некои капсули се без бисфенол и се направени од „безбедна“ пластика, но истражувањата покажале дека овој тип на материјал може да има негативни несакани ефекти кога ќе се загрее. Овие пластични хемикалии можат да дејствуваат како хормонски разорувачи ако дојдете во контакт со загреан материјал.

Дали се корисни дитерпените?

Природните масла од кафе или дитерпените можат да го зголемат лошиот холестерол (ЛДЛ), како и вкупниот холестерол. Но, истражувачите откриле и дека дитерпените може да стојат зад придобивките од кафето, како што е неговата способност да се бори против ракот.

Различни методи на варење кафе, исто така, обезбедуваат различни количини на кофеин. Кафето кое се прави со француската преса е релативно богато со кофеин, додека прелиеното кафе често содржи помалку кофеин.

Самиот кофеин не е добар или лош, но начинот на кој тој влијае на телото е поврзан со вашата генетика. Доколку имате полоша генетска предиспозиција, користете методи за кафе со помалку кофеин.

Експертите предлагаат метод на преливање (класично варење кафе во ѓезве). Користете неисчистен филтер за да избегнете дополнителна хемиска изложеност, бидејќи тоа ги елиминира повеќето (но не сите) дитерпени. Во исто време, задржувате што е можно повеќе корисни полифеноли.