Која е вистината за семките од јаболка? Дали се опасни по живот?

Помалку е познато дека семките од јаболка содржат голема количина на јод, такашто 5-6 зрна би можеле целосно да ги задоволат дневните потреби од јод на организмот. Сепак, многумина тврдат дека ова во никој случај не е добар начин за снабдување на организмот со јод бидејќи семките на јаболкото се отровни!

0
461

Јаболката може да му дадат на нашиот организам многу (некои тврдат сите!) витамини и минерали. Затоа, не е ни чудо што древната народна мудрост вели дека лицето кое јаде барем две јаболка на ден никогаш нема да има потреба од лекар.

Помалку е познато дека семките од јаболка содржат голема количина на јод, такашто 5-6 зрна би можеле целосно да ги задоволат дневните потреби од јод во организмот.

Сепак, многумина тврдат дека ова во никој случај не е добар начин за снабдување на организмот со јод бидејќи семките на јаболкото се отровни!

Семките од јаболка содржат соединение наречено амигдалин, кое исто така го содржат и бадемите, семките од праски, цреши и кајсии.

Наводно, ако амигдалинот влезе во дигестивниот тракт, се распаѓа во хидроген цијанид кој е токсичен, па дури и смртоносен во поголеми дози.

Имено, цијанидот е познат отров кој го ремети доаѓањето на кислород во клетките, и може да доведе до смрт за кратко време, кога се консумира поголема доза.

Внесувањето од 0,5-3,5 мг на килограм телесна тежина може да предизвика труење, кома, парализа, срцева и белодробна слабост, па дури и смрт. За возрасно лице со тежина од 81 кг, тоа изнесува 41-286 мг цијанид.

Помали количини на цијанид може да предизвикаат главоболки, гадење, повраќање, слабост и конфузија. Заради помалата тежина, децата имаат поголем ризик да бидат отруени од цијанид.

Еден грам здробени и изџвакани семиња од јаболка може да ослободат 0,06-0,24 мг цијанид. За да можат последиците од нивното консумирање да бидат фатални или да предизвикаат негативна реакција на нашиот организам, треба да јадеме две чаши семки.

А тоа значи дека семето од јаболко не е лош избор за внесување на јод, бидејќи дневната доза на јод се наоѓа во само седум семчиња.

Треба да се напомене дека ниту јод ниту цијанид нема да навлезат во организмот ако едноставно ги проголтаме семките од јаболка. Имено, семето е заштитено од дигестивните сокови со надворешниот слој, и затоа може да помине неоштетено низ дигестивниот тракт. Затоа, за да го снабдите телото со јод или за да се отруете со цијанид, треба да се консумираат здробени (смелени) семки!

Фото: Pixabay