Колку долго може да стои меленото месо во фрижидер и во замрзнувач?

Дали ви се случило да купите малку поголема количина мелено месо која не можете да ја искористите за една подготовка или во последен момент сте одлучиле дека сè уште нема да готвите нешто со него? Откријте колку долго може да стои во фрижидер и како најдобро да го зачувате.

0
533

Според Food Network, сировото мелено месо може да стои во фрижидер најмногу два дена, по што треба да се зготви или да се замрзне. Најдобро би било да се чува на најниската полица кадешто е најстудено и кадешто соковите не можат да ги контаминираат другите намирници.

Ако веќе сте го подготвиле, готовото јадење со мелено месо може да стои три до четири дена во фрижидер, тврди Министерството за земјоделие на САД.

Иако побавно, бактериите се развиваат и во нив. Затоа, замрзнувачот е најдобра опција – во него меленото месо може да стои три до четири месеци ако е во сирова состојба. Може да го чувате во оригиналното пакување до две недели, по што би било добро да го завиткате пакувањето со пластична фолија за да не влегува воздух, пренесува Woman’s Day.

Фото: Pixabay