Колач со тиква во два слоја

Кога си сакате тиква, ќе ја сакате во секоја форма. Ако не е доволно блага, односно, ако е вкусот како „тиква“, направете си колач

0
351

Состојки:

4 јајца

500 г тиква

100 г шеќер

150 мл. Стопен путер

200 мл јогурт или павлака

400 г брашно

1 лажица какао

1 лажица рогач

сок од 1 портокал

1 прашок за пециво

2 лажички цимет

2 ванилин шеќер

ѓумбир, морско оревче

сечкани оревчиња за поросување

Приготвување:

Испечете ја тиквата и оставете ја да се олади па изгмечете ја во еден сад и додадете ги зачините.

Во друг сад изматете ги јајцата, шеќерот, павлаката, путерот и сокот од портокал, па додадете ги брашното и прашокот за пециво. Одвојте пола од смесата и додадете ги какаото и рогачот. Истурете ја смесата во тепсија подмачкана со путер. Одозора ставете ја смесата од останатиот дел од смесата кој ќе го помешате со тиквата и обидете се да ја размачкате рамномерно врз првиот слој. Поросете со сечкани оревчиња и печете околу 40 минути.