Колач со пашканат

Колачите со овошје ни се добро познати на сите, оние со зеленчук малку помалку. Таман се навикнавме на колачите со компир или морков, се појави од некаде и овој, со пашканат.

0
173

Пашканатот има сладок вкус и е одличен и во колачи, не само во супи. Во овој рецепт, пашканатот е во друштво со лимон, кој игра многу важна улога.

Состојки:

200 г пашканат (2 пашканати со средна големина)
2 јајца
100 г шеќер
125 г брашно
1 лажичка прашок за пециво
кора и сок од еден непрскан лимон
0, 5 дцл масло

Приготвување:

Изматете ги белките. Изматете ги жолчките со шеќерот и соединете ги двете смеси.
Додадете брашно, прашок за пециво, кора од лимон и сок од еден лимон и масло.
На крај, додадете пашканат, кој претходно сте го свариле, сте го излупиле како варен компир и сте го изрендале. Средниот дел тешко се ренда, па може да го исецкате ситно со нож.
Колачот печете го на ниска температура околу 45 минути.

Глазурата за оваа торта може да биде иста како и глазурата за торта со моркови, направена од сирење и шеќер во прав, но не е неопходно. Можете само да го украсите со малку шеќер во прав и парче лимон.

Ваквите колачи добро одат со малку павлака.

Фото: Pexels