Колач по вкус, со состојки од ѓутуре

Кога ви се јаде благо, а интернетот ве зеза, опуштете се и правете како што ви доаѓа. Можеби нема никогаш да го повторите истото, ама доволно е да биде добро и само еднаш, првиот пат

0
174

Не ги земајте мерките здраво за готово бидејќи сите состојки се ставени од ѓутуре. И не мора ни да се баш истите, ориентационо, што ви се наоѓа низ дома и во фрижидерот, тоа ставете.

А во овој колач ставивме:

2 јајца

1 шолја јогурт

1/4 шолја масло

1 згмечена зрела банана

сок од 1 лимон

1/2 шолја суво грозје натопено во малку рум

1/4 шолја мед

1 ипол шолја брашно

1 прашок за печиво

1 ванилин шеќер

малку свеж ѓумбир

малку цимет

2-3 ребра црно чоколадо со портокал

2 лажици овесни снегулки

Приготвување:

Измешајте ги јајцата, додадете мед, јогурт, бананата и потоа полека додавајте ги сувите состојки. Сувото грозје и чоколадото искршено на поситни парченца ставете ги на крајот.

Се пече во подмачкано тавче со путер и поросено со брашно и во загреана рерна на 180 степени околу 30-40 минути, во зависност од рерната.

Ако сакате киселкаст вкус, не премногу благо и со силен вкус на црно чоколадо, ќе ви се допадне.