Кои се најдобрите природни пробиотици?

Покрај јогуртот, има и многу други природни пробиотици кои му помагаат на здравјето на нашиот дигестивен тракт. Откријте во продолжение кои други намирници се најдобри пробиотици.

0
672

Општо е познато дека бактериите во дигестивниот тракт и тоа како влијаат на нашето здравје. Затоа е важно да се одржува балансот на микрофлората во желудникот и во цревата.

Покрај јогуртот, има и многу други природни пробиотици кои му помагаат на здравјето на нашиот дигестивен тракт. Откријте во продолжение кои намирници се најдобри пробиотици.

Природни пробиотици

Ладен компир

Изладениот, сварен компир ја зголемува чувствителноста на инсулин, помага да се елиминира ризикот од дијабетес, а помага дури и за слабеењето. Покрај тоа, состојките на компирот го одржуваат нашиот стомак здрав.

Зелени банани

Незрелите банани се богати со пробиотици, влакна, витамини и минерали. Оваа комбинација го одржува здравјето на желудникот и цревата, и ги зајакнува коските и срцето. Затоа, ако не можете да чекате бананата целосно да созрее, навалете на зелените, бидејќи ќе го подобрите вашето здравје.

Црно чоколадо

Покрај бројните придобивки од црното чоколадо, како што се подобрување на концентрацијата и расположението, црното чоколадо влијае и на растот на здрави бактерии во цревата. Значи, можете слободно да уживате во чоколадото, ако сте чокохолик, но во умерени количини. Едно, до две ребра на темно чоколадо на ден е сосема доволно.

Лук

Покрај тоа што е природен антибиотик, лукот е полн со пробиотици, а одличен е и за здравјето на цревата и желудникот.

Кефир

Овој напиток е полн со здрави бактерии кои елиминираат многу стомачни проблеми, а помага и при алергии.

Фото: Unsplah