Кога треба да појадувате ако сакате да го намалите ризикот од дијабетес?

Кај луѓето кои го имале првиот оброк пред 8 и 30 часот, било утврдено дека имаат пониско ниво на инсулинска резистенција, што е фактор на ризик за развој на дијабетес тип 2.

0
389

Луѓето кои рано стануваат не само што имаат повеќе време за да го искористат продуктивно, туку имаат и подобри нивоа на шеќер во крвта, сугерираат новите истражувања. Според новата студија, објавена на ЕНДО 2021 година, виртуелна конференција на Ендокриното друштво, јадењето рано наутро е поврзано со пониска резистентност на инсулин и помал ризик од дијабетес тип 2.

Овие резултати се добиени со проучување на ефектите од испрекинатиот пост, но научниците откриле дека има придобивки од раниот појадок дури и ако не го практикувате тој тип на исхрана. Студијата вели дека луѓето кои појадувале порано во текот на денот имаат помал шеќер во крвта и помала резистенција на инсулин, без оглед на тоа дали го ограничиле внесувањето храна на помалку од 10 часа на ден (испрекинат пост).

За да се утврди дали има врска помеѓу времето на јадење и нивото на шеќер во крвта и инсулинот, биле анализирани податоците од 10.575 возрасни Американци. Утврдено е дека испрекинатиот пост, односно консумирањето на храна во период од 10 часа или помалку, е поврзана со поголема отпорност на инсулин. Ова значи дека луѓето кои практикувале ваква исхрана помалку реагирале на инсулин, хормон кој го регулира нивото на шеќер во крвта. Инсулинската резистенција е фактор на ризик за развој на дијабетес тип 2.

Сепак, кај луѓето кои го имале првиот оброк пред 8 и 30 часот, исто така, било утврдено дека имаат пониско ниво на инсулинска резистенција, без оглед на тоа дали постеле или не, што сугерира дека утринскиот оброк има повеќе метаболички придобивки.

Фото: Pexels