Кога се користи сода бикарбона, а кога прашок за пециво?

Иако ја имаат истата функција, сода бикарбоната и прашокот за пециво не се користат во истите рецепти, а тоа всушност зависи од другите состојки што ги користиме за одреден десерт или пекарски производ, пишува The Thing of Taste.

0
677

Сода бикарбоната има три до четири пати посилно дејство од прашокот за печиво
И едното и другото имаат иста цел во подготовката на печива и тесто и благодарение на нив добиваме убави и високи колачи или солени залчиња. Сепак, постојат разлики поради кои тие се користат во различни рецепти, па затоа не е сеедно ако ги замениме.

Иако ја имаат истата функција, сода бикарбоната и прашокот за печиво не се користат во истите рецепти, а тоа всушност зависи од другите состојки што ги користиме за одреден десерт или пекарски производ.

Сода бикарбона

Сода бикарбоната кога се комбинира со кисели состојки како сок од лимон, создава јаглерод диоксид, поради што тортата ќе нарасне. Вкусот е малку горчлив, но се губи ако се комбинира со киселкасти состојки.

Прашок за печиво

Прашокот за печиво содржи сода бикарбона и веќе има киселина во себе, а неговиот вкус е благ и неутрален. Затоа кулинарските експерти и љубителите на фина храна велат дека прашокот за печиво најдобро одговара со состојки кои се исто така неутрални, на пример со млеко.

Може ли сода бикарбоната и прашокот за печиво да се заменуваат еден со друг?

Прашокот за печиво успешно ќе ја замени сода бикарбоната, но ако планирате да го направите спротивното, во устата ќе ја чувствувате содата, односно, метален вкус во устата. Еден пример од примерите е дека содата се чувствува и во класичен колач од јогурт, во кој освен прашок за печиво одат основни состојки како брашно, шеќер, јогурт и јајца.

Друг проблем што може да ве снајде е тоа што тортата нема да нарасне убаво за време на печењето, а тоа е затоа што сода бикарбоната ја нема киселоста што ја има прашокот за печиво.

Исто така, треба да се има предвид дека сода бикарбоната има три до четири пати посилно дејство од прашокот за печиво, затоа намалете ја количината за толку ако ја користите како замена.

За рецептите кои имаат мерки на чаши, можете да ставите една четвртина лажичка сода бикарбона на една чаша брашно. Прашок за печиво се става во сооднос од една лажичка на една чаша брашно.

Тестирајте ако не сте сигурни за рокот на траење

Некои намирници немаат рок на траење се додека се чуваат правилно, но прашокот за печиво и сода бикарбоната ја губат својата моќ, затоа треба да се внимава на датумот втиснат на пакувањето.

Можете да ги тестирате пред употреба, особено ако рокот е поминат. Ставете во чаша три лажици топла вода, додадете половина лажичка прашок за печиво и полека промешајте. Ако прашокот за печиво е сè уште добар, водата ќе се пени, а ако нема реакција, не е добар.

Содата тестирајте ја со оцет во ист сооднос како со водата и прашокот за печиво. Веднаш штом ќе истурите сода бикарбона во оцетот и започнете да мешате, би требало добро да се запени.

Фото: Pixabay