Кога карантинската исхрана ќе дојде на наплата: намирници што ги намалуваат желудочните тегоби

Желудочни грчеви, гасови и надуеност се само некои од симптомите на стрес, вирусна инфекција или исхрана составена од намирници кои вашето тело не ги поднесува ...

0
330

Без оглед на причината, на желудникот понекогаш едноставно му треба одмор од оптоварувањето. Во овие случаи, посегнете по овие намирници што ќе го смират.

Нане

Чајот од нане ќе го намали грчењето на стомакот и надуеноста. Во исто време ќе се релаксира областа помеѓу хранопроводот и желудникот, но исто така ве става во опасност да добиете киселини (ако сте склони кон киселини, подобро е да го смирите стомакот со нежен чај од камилица). Избегнувајте гуми за џвакање без шеќер, бидејќи вештачките засладувачи можат да предизвикаат надуеност, гасови и подригнување.

Јаболков оцет

Јаболковиот оцет ќе ви го смири желудникот кога изворот на грчењето е во недостаток на желудочна киселина. Јаболковиот оцет, исто така, содржи многу хранливи материи како витамини Б и Ц кои дополнително ќе ја подобрат состојбата на вашето тело. Ако вкусот на оцет е премногу силен, измешајте го со малку вода и мед.

Ориз

Белиот ориз е лесно сварлива храна која содржи многу скроб, и ја зајакнува желудочната обвивка. Секогаш е добро да се јаде ориз, особено во моментите кога страдате од диареја предизвикана од некој тип на стомачен вирус.

Ѓумбир

Ако сакате да го намалите чувството на гадење или нагонот за повраќање – посегнете по ѓумбир. Ова коренесто растение има карактеристики што ги намалуваат овие непријатни последици. Сè што треба да направите е да прелиете врела вода врз парчиња свеж ѓумбир, оставете да отстои неколку минути, а потоа полека испијте ја течноста.

Банани

Бананите се одличен избор за луѓе кои честопати страдаат од диареја, бидејќи ова тропско овошје содржи елементи што ќе ја зацврстат вашата столица. Покрај тоа, лесно се лупи и се јаде и е богат извор на калиум што го зајакнува имунитетот по долготрајна болест.

Тост

Мора да јадете дури и кога имате проблеми со стомакот. На чувствителниот орган тогаш најдобро ќе му годи добро препечено парче леб, што ќе спречи натамошно грчење и болки.

Анасон

Анасонот е зеленчук богат со антиоксиданти кои благотворно делуваат врз здравјето на целото тело. Познат е и по своите карактеристики кои спречуваат надуеност и гасови, како и поттикнувач на исфрлањето на токсините од организмот. Секој ден јадете половина лажичка од неговите семчиња или малку исечкан свеж корен.

Фото: Pexels