Кифли со хељдино брашно

Тесто си е тесто, ама секогаш можете да направите барем малку поздрава варијанта - со интегрално и хељдино брашно и ладно цедено масло

0
570

Состојки:

200 г брашно од хељда

200 г интегрално брашно

100 г бело брашно

100 мл ладно цедено масло од сончоглед (или маслиново)

1 јајце

1 лажичка сол

1 лажичка шеќер

1 сув квасец

400 мл млако млеко

семки за поросување

Путер (по мали парченца ставете врз кифлите пред да ги ставите на печење)

Полнете ги по ваша желба (со урда, сирење, со нешто слатко,…)

Приготвување:

Замесете тесто од состојките. Месете го десетина минути и оставете го на топло покриено со крпа да стаса.

Откако ќе стаса, правете како и вообичаено. Поделете го на неколку делови и направете од нив топчиња, расукајте ги и поделете ги на 4 или 8 триаголници во зависност од тоа колкави кифли сакате.

Премачкајте ги со жолчка и поросете семки по ваш избор. Врз секоја кифла ставете по мало парченце путер. Печете ги во загреана рерна на 200 степени.