Киселата зелка, најдобра превенција од рак на желудник

Зелката ја има во текот на целата година во најразлични облици, а освен што е најдобра превенција од рак на желудник, има и уште многу други лековити својства

0
499

Кисела или свежа, зелката е присутна на трпезите во текот на целата година.

Иако обично се мисли дека свежите зеленчуци се поздрави од преработените, тоа не важи и за киселата зелка која е исто толку здрава како и свежата.

Освен што е вкусна, киселата зелка содржи фитонутриенти, сулфурни соединенија кои го штитат нашето тело од рак на желудник. Заради тоа лекарите често им го препорачуваат на луѓето кои имаат проблеми со варењето и воопшто, чувствителен желудник.

Еве кои се останатите лековити својства на киселата зелка:

Ја исцелува оштетената кожа, а освен тоа, и ја подмладува, го ублажува стресот, го подобрува расположението, го помага создавањето на црвени крвни зрнца (затоа што е богата со витамин Б12), помага за зараснување на коските, го јакне имунитетот, благотворно делува врз органите за варење, желудникот и цревата. Исто така, помага при излачувањето на штетните материи од организмот и го снижува покачениот холестерол.

Фото: Freepik