Кари: Извор на здравје и вкус

Особено е добар во заштитата на мозочните клетки. Ова е поткрепено со фактот дека во Индија, кадешто токму карито е најчесто употребуваниот зачин, има многу помалку луѓе со деменција и Алцхајмерова болест.

0
141

Кога се споменува карито, обично мислиме на Индија, готов зачин во прав што може да се купи во сите продавници или готово јадење.
Кари е мешавина од зачини наречена масала. Секој индиски готвач има своја мешавина од зачини и не постои точен рецепт за неа.

Некои од главните состојки на карито се ким, чили, ѓумбир, куркума, црн пипер, ловоров лист, лук, каранфилче, сенф, цимет, кардамон и многу други.

Карито е веројатно најчестиот зачин во индиската кујна и се користи за многу сосови на кои им се додава јогурт, кокосово млеко, малку сок од лимон.

Медицинските својства на карито се широко познати, тој има антибактериско дејство, го зајакнува имунитетот, ја подобрува циркулацијата, многу е богат со протеини, го подобрува варењето на храната.

Особено е добар во заштитата на мозочните клетки. Ова е поткрепено со фактот дека во Индија има многу помалку луѓе со деменција и Алцхајмерова болест. Се верува дека може да го уништи дури и ракот.

Фото: Pixabey