Како се употребува куркумата за губење на килограмите

Веќе многу пати сме пишувале за здравствените придобивки од консумирањето куркума, но многу помалку за нејзините придобивки кога станува збор за губење на тежината. Еве неколку рецепти во кои може да се користи куркумата за таа цел

0
2291
Фото: Pixabay

Куркумата за слабеење е моќен начин да дојдете до саканата килажа и да го изгубите вишокот килограми.

Постојат неколку начини на кои се користи куркумата за слабеење, но многу е важно да не ја надминувате дневната препорачана доза на овој зачин. Исто така, куркумата за губење на тежината не е добар избор за секого.

Не консумирајте куркума на празен стомак бидејќи може да предизвика киселина. Бремените жени и доилките не треба да користат куркума во прав, особено кога станува збор за суплементи. Ако планирате да се подложите на операција, престанете да јадете куркума најмалку две недели порано.

Куркумата, исто така, не е за луѓе кои имаат нарушувања на крвта, бидејќи ја разредува крвта. Не се препорачува кај лица со камења во бубрег. Ја стимулира работата на жолчката, такашто ако имате камен во жолчното кесе, може да предизвика проблеми.

Рецепти со куркума за губење на тежината

Куркума и млеко – пијалок за слабеење

Комбинацијата на млеко и куркума го забрзува метаболизмот и со тоа го поттикнува губењето на тежината. Постапката за подготвување на овој пијалок е едноставна, како кога се раствора инстант какао. Додадете лажичка куркума во 250 мл врело млеко измешајте и испијте го навечер пред спиење.

Куркума и јогурт за слабеење

Млекото е вечерен пијалок, а куркумата и јогуртот за слабеење се додаток кој се препорачува да се пие наутро. Пијте го на празен стомак. И тој се подготвува едноставно. Измешајте лажичка куркума во прав со чаша јогурт.

Ако сакате да го забрзате процесот на слабеење, можете да земете уште една доза пред ручекот. Делумно ќе ви го наполни стомакот, ќе јадете помалку и ќе го забрза вашиот метаболизам.

Покрај тоа, можете да комбинирате куркума во разни пијалоци за слабеење. На пример, можете да комбинирате различни состојки во блендер како ананас, морков и куркума или јогурт, банана и куркума и слично. Пронајдете што ви одговара најдобро.

Куркума и мед за слабеење

Друга супер лесна и моќна комбинација што го вклучува овој златен зачин е оној на куркума и мед. На 100 грама мед додадете 1 лажица куркума и малку црн пипер. Црниот пипер ја забрзува апсорпцијата на куркуминот. Добро измешајте го и оставете го да отстои во фрижидер. Медот е полн со ензими кои спречуваат таложење на маснотии и го подобруваат варењето на храната. Покрај тоа, ова е комбинација која е одлична за имунитет и спречува многу болести.

Друг начин да се користат куркума и мед за слабеење е следниот:

Додадете 1 лажичка куркума во прав во чаша вода. Гответе 10 минути. Тргнете го од рингла и додадете една лажичка мед. Овој пијалок се пие 2 пати на ден.

Чај од куркума за слабеење

Веројатно најлесниот начин да ги испробате придобивките од куркумата за губење на тежината е со чај.

Како да се подготви куркума чај?

Постојат неколку комбинации, главно со други чаеви кои исто така поддржуваат губењето на тежината. Ги издвоивме овие рецепти за куркума за губење на тежината.

Во литар вода ставете 3 лажички куркума во прав, лажичка мелено каранфилче, 2 лажички мелен ѓумбир и една лажица мед. Оваа количина чај распоредете ја и пијте ја 3 пати на ден.

Куркума и ѓумбир за слабеење

За овој чај ќе ви треба свеж корен од ѓумбир и свеж корен од куркума. Исечете парче во должина од приближно 2 см. Корените потопете ги во 150 мл вода и оставете да вријат 5 минути. После тоа, вметнете 2 стапчиња цимет и оставете да вријат уште 2 минути.

Вашиот супер зачинет чај за слабеење треба само уште да го исцедите. Можете да додадете мед.

Зелен чај и куркума за слабеење

Зелениот чај е познат по тоа што има моќни антиоксидантни својства и, поради активните состојки, ги топи масните наслаги. Поради оваа причина, тој е вообичаена состојка кај согорувачите на масти кои се направени на природна база. Со додавање на куркума за слабеење, делува двојно подобро.

Како да ја спремите оваа комбинација на чај?

Вметнете го коренот од куркума во должина од околу 2 см во 200 ml вода и ставете го на шпоретот да зоврие. Оставете го 5 минути па тргнете го од оган и додадете лажичка зелен чај (или филтер кесичка). Оставете 5 минути за да може зелениот чај да ги ослободи активните состојки во водата. Потоа можете да го пиете.

Куркума и лук

Потребно ви е:

  • 1/2 лажичка свеж сечкан лук
  • 1 лажица сок од лимон
  • 1 лажичка свежа паста од куркума која се подготвува со мешање на половина лажичка куркума во прав и 1/4 лажичка маслиново или кокосово масло во една лажичка вода и малку црн пипер.

Додадете сок од лимон, куркума паста и лук во 90 мл вода. Добро измешајте и испијте на екс.

Тоник од лимон и куркума

За ова ви требаат:

  • 1 чаша врела вода
  • 1/4 лажичка куркума во прав
  • сок од половина лимон
  • 1/2 лажичка мед
  • Може да додадете цимет ако сакате

Додадете куркума во зовриена вода и во неа помешајте сок од лимон и мед. Гледајте сè добро да се раствори и оставете да отстои 5 минути.

Пијте 2 чаши на ден во тек на 7 дена, по можност после појадокот бидејќи може да предизвика киселини ако се пие на празен стомак. По 7 дена секојдневно користење на овој пијалок за слабеење со куркума, направете две недели пауза.

Друг начин да се консумира овој чај за слабеење од куркума е да го внесете во вашата редовна рутина и во тој случај да не запрете по 7 дена, туку пијте го 3 пати неделно.

Пијалоците не се единствениот начин како да ги искористите придобивките на куркумата за слабеење.

Куркумата како зачин во храната

Во овој случај најдобро ќе ви послужи куркума во прав. Сепак, многумина се прашуваат со каква храна можат да ја користат куркумата како зачин, односно, со која најдобро оди.

Еве еден предлог:

Појадок: Додадете куркума во пржените јајца или поросете го со неа сендвичот

Ручек: Додајте куркума во супа, ќофтиња, сосови или во ориз кој е особено добар со овој зачин

Вечера: Наросете го омилениот зеленчук со куркума и испечете.

Искуствата со куркумата за слабеење велат дека тоа е одличен додаток кога ќе започнете да се грижите за вашата исхрана. Тогаш е можно да се изгуби тежина без диети само ако е придружено со здрав начин на исхрана. Покрај земањето куркума, сепак е важно да се намали количината на потрошена храна и да се вежба најмалку 3 пати неделно.

Куркума е една од најздравите намирници во светот. Искористете ги нејзините придобивки за слабеење и целокупното здравје ќе ви биде многу подобро.

Фото: Pixabey