Како природно да ги зајакнете белите дробови?

Корона вирусот, како денешен непријател број еден на целата светска популација, има една цел во својата активност: да стигне до белите дробови на човекот. Ако го елиминираме пред тоа, симптомите на оваа инфекција ќе бидат благи. Како да се подобри функцијата на белите дробови?

0
426

Научниците тврдат дека функцијата на белите дробови почнува да опаѓа околу 30-та година од животот со променлива брзина, што зависи од општото и специфичното здравје на поединецот. Одредена исхрана може да помогне во одржување на здравјето на белите дробови.

Во време на вирусни инфекции, пожелно е да се консумираат што повеќе овошје и зеленчук, а секој билен чај е исто така добредојден. Сепак, според некои истражувања, постојат намирници и билки кои ги зајакнуваат белите дробови повеќе од другите.

Јаболка

Истражувањата покажуваат дека три јаболка на ден го забавуваат природното стареење на белите дробови и ги санираат штетите предизвикани од пушењето или вдишувањето на загадениот воздух.

Бразилски ореви

Богати се со селен кој им дава еластичност на ткивата и го зајакнува белодробното ткиво. Го намалува ризикот од сите белодробни заболувања.

Лук и кромид

Тие поттикнуваат детоксикација на организмот, но исто така го зачувуваат здравјето на белите дробови.

Грејпфрут

Докажано е дека ова овошје го намалува ризикот од тешки белодробни заболувања и помага во лекување на бронхитис.

Брусница

Сокот од брусница, богат со антиоксиданси, е корисен за чистење на белите дробови. Успешно се раствора слузта од бронхиите.

Моркови

И тие се прославен чистач на белите дробови. Овозможуваат најефикасна заштита во форма на свеж сок од корен.

Ѓумбир

Секојдневното пиење чај од ѓумбир помага во заштита од вирусни инфекции и помага во чистење на белите дробови од токсини.

Лута пиперка

Го забрзува разложувањето на слузта и нејзиното исфрлање од телото.

Куркума

Има антиинфламаторно и антивирусно дејство. Богата е со витамини и омега 3 киселини. Се користи како зачин или за правење чај.

Мајчина душица

Според некои податоци, најдобриот пријател на белите дробови во растителниот свет. Моќен антиоксиданс. Чајот од мајчина душица содржи есенцијално масло од тимол, кое има антимикробно својство и помага во борбата против бактериите, вирусите и габите. Ова ароматично растение е богато со витамини А и Ц, како и минерали, како што се калиум, калциум, железо, манган, магнезиум, селен. Поволно е за кашлање и воспаление на грлото, помага при искашлувањето и спречува бронхоспазам.

Зелен чај

Како моќен антиоксиданс, овој чај служи за спречување на проблеми со белите дробови со зајакнување и оптимизирање на нивната функција.

Коприви

Чајот од лисја од коприва е познат како средство за зајакнување на имунитетот поради богатството на железо и витамини, особено А, Д и К. Сепак, ова растение е исто така одлично и за чистење на белите дробови.

Липа

Според легендата, кога пиеме чај од липа, како да сме внеле сончева светлина во организмот. Чајот од цвет од липа ја зголемува отпорноста и помага во борбата против инфекциите. Некои препарати за смирување сува кашлица содржат екстракт од липа. Овој ароматичен чај е добар и против напнатост и нервоза.

Тегавец

Чајот од ова растение, кое изгледа како обична трева и е широко распространето, помага во исфрлање на слузта и го олеснува дишењето. Богато е со витамини Ц, А и К, а содржи и многу железо и калциум.

Фото: Freepik