Како правилно и брзо да одмрзнете риба?

Ако сте заборавиле да ја извадите од замрзнувач рибата која сакавте денеска да ја приготвите за ручек, направете го тоа на брз и безбеден начин.

0
914

Знаеме дека најправилен начин за одмрзнување на месо и риба е да го извадите од вечер од замрзнувачот и да го оставите полека да се одмрзнува во обичниот фрижидер.

Но на сите ни се случува да заборавиме, па кога следниот ден ќе дојде време да почнеме со подготовката на ручекот, имаме проблем.

Најбезбеден начин да ја одмрзнете рибата, а таа да го задржи вкусот, е да ја извадите од пакувањето и да ја ставите во кесички што ќе ги затворите со ластиче (ако немате специјални кесички со специјален затварач) за да не влегува внатре вода и ќе ги ставите во тенџере со ладна вода.

Менувајте ја водата еднаш-двапати и рибата брзо ќе се одмрзне, а потоа можете да ја подготвите како што сте замислиле.

Само внимавајте да не се одмрзне сосема, затоа што ако станува збор за филети на ослиќ замрзнати со кожата, ќе ви биде потешко да ја излупите.

Ако сакате уште повеќе да ја забрзате постапката на одмрзнување, ставете го тенџерето со рибата (исто така спакувана во кесички) под славината и оставете ја ладната вода да тече подолго време. Сепак, ова не го препорачуваме затоа што не е во ред да се троши залудно толку многу вода.