Како ленот, брокулата и сојата штитат од настанок на неколку видови на рак?

Досега се откриени многу намирници за кои се верува дека со своите компоненти штитат од настанок на рак на дојка и бројни други видови на рак, а најпознати меѓу нив се ленот, брокулата и сојата. Денес ви откриваме како холестеролот влијае на канцерогените заболувања.

0
147

Според неодамнешното истражување спроведено во Германија, откриено е дека семките од сончоглед и тиква се тесно поврзани со намалување на ризикот од рак на дојка и дека за тоа се одговорни фитостеролите содржани во нив. Бидејќи е добро познато дека фитостеролите го намалуваат нивото на холестерол во крвта, се верува дека постои врска помеѓу холестеролот и канцерогените заболувања. Но, каква?

Многу научници се посветиле на истражување за да ја откријат врската и дошле до заклучок дека канцерогените клетки во организмот се хранат со ЛДЛ, лош холестерол и на тој начин се стимулира растот на канцерогените клетки. Сето ова може да ги поттикне луѓето да ја сменат својата исхрана и да јадат храна што не влијае на растот на холестерол во организмот. Истражувањето открило и дека жените кои имаат покачен холестерол, имаат 17% поголем ризик од развој на рак на дојка отколку жените чии нивоа на холестерол се во нормални граници.

И покрај сите овие заклучоци, научниците не успеаја да откријат дали постои нешто друго во храната што го зголемува холестеролот што влијае на развојот на канцерогените болести.

Причината зошто луѓето со рак обично имаат ниско ниво на ЛДЛ холестерол може да биде токму затоа што туморот го јаде. Пациентот има најмали шанси за преживување кога внесувањето на холестерол во организмот е многу високо, а високите нивоа на ЛДЛ холестерол во самото канцерогено ткиво обично укажуваат на лоша прогноза затоа што тоа значи дека туморот може брзо да порасне.

Сите овие информации не се ништо ново и се познати во светот на медицината уште од 80-тите години на минатиот век кога научниците првпат го откриле, само тогаш не се преземало ништо, бидејќи ракот на дојка во тоа време бил доста редок и не му се посветувало премногу внимание.

Фото: Unsplash