Како да спречите исеченото овошје да потемни?

Додека овошната салата се лади во фрижидерот, овошјето во садот потемнува и непријатно ви е да им го сервирате на гостите или на семејството? Еве неколку трикови со кои ќе изгледа како од списание

0
219

Со домашните круши и јаболка што ги добивте од локалниот трговец решивте да  направите овошна салата како десерт, но се грижите за тоа дека овошјето ќе потемни пред да дојде време да го ставите на трпезата.

Промената на бојата е најзабележлива кај крушите и јаболката, а се јавува затоа што ензимот во нив по сечењето реагира во допир со кислородот од воздухот, предизвикувајќи промена на бојата, но и почеток на распаѓањето.

Секој го знае трикот со лимон: коцките овошје се посипуваат со сок од лимон или сок кој содржи лимонска киселина бидејќи ќе ги намали ензимските промени. Но, во овој случај, добивате кисел десерт, што на многумина не им се допаѓа.

Постојат уште неколку начини да се спречи промена на бојата на овошјето:

Мед

Ставете две лажички мед во чаша вода и потопете го овошјето една минута. Медот има пептиди кои ги спречуваат ензимите во овошјето да развијат темни пигменти.

Сол

Измешајте половина лажичка во 1 литар ладна вода и натопете го исеченото овошје 3 до 5 минути. Потоа добро измијте го. Солта е природен конзерванс и може да спречи промени на овошјето некое време.

Пластична фолија

Краткорочно решение може да биде завиткување на овошјето во пластична фолија. За мали парчиња овошје, овој метод не е соодветен, но ако имате поголеми парчиња овошје, нема да поцрнат ако добро ги затворите со фолијата.

Фото: Unsplash