Како да подготвите совршен зеленчук во рерна?

Дали ви се допаѓа зеленчук од рерна? Со овој совет, ќе станете мајстор за подготовка.

0
468

Печениот зеленчук во рерната е совршен додаток за ручек или вечера, меѓутоа, колкумина од нас знаат кое е оптималното време за печење во рерната? Ако претерате, зеленчукот ќе биде сув и без вку, а доколку го печете премногу кратко, ќе остане на граница помеѓу суров и печен и само ќе ви остави недовршен вкус во устата.

Еве ги нашите упатства за идеално печен зеленчук.

Совршено време

За почеток, треба да напоменеме дека рерната треба да се загрее до 180 степени, зеленчукот треба да биде рамномерно распореден на садот за печење, зачинет и прелиен со маслиново масло.

А сега, за времето!

Боранија – 10 минути.

Аспарагус -12 до 15 минути.

Тиквички – од 12 до 15 минути.

Брокула – 20 до 25 минути.

Тиква – 20 до 25 минути.

Пашканат – 20 до 25 минути.

Карфиол – 20 до 25 минути.

Моркови – од 25 до 30 минути.

Лук и црвен кромид – 25 до 30 минути.

Слатки компири – 30 до 35 минути.

Обичен компир – 35 до 40 минути.

Прокељ – 35 до 40 минути.

Сега кога ја знаете минутажата, знаете и по кој редослед да го ставате зеленчукот на печење за највкусни резултати.

Фото: Unsplash