Како да направите чипс од јаболка?

За овој едноставен рецепт потребни ви се само 2 состојки.

0
585

Состојки:

2 јаболка

1 лажичка цимет

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 110°C.

Измијте ги и исушете ги јаболката, потоа издлабете ги и исчистете ги од семките. Ако јаболката не се прскани, не мора да ги лупите.

Исечете ги јаболките на тенки парчиња.

Ставете ги парчињата на хартија за печење такашто нема да се допираат.

Поросете цимет врз јаболката.

Печете ги околу 1 час.

По еден час свртете ги на другата страна и печете ги уште еден час. Колку подолго стојат во рерната стануваат покрцкави. Должината на печење зависи од дебелината на јаболките и количината на влажност.

Фото: Pixabey