Како да направите совршена салата за носење?

Ако сакате да понесете со себе оброк што сте го подготвиле дома, тогаш салатата во стаклена тегла може да биде одлична идеја - лесно се подготвува, погодно е за носење и може да ви заштеди пари кога ќе дојде време за пауза за ручек.

0
708

Идејата е едноставна – започнете со ставање на дресингот на дното на теглата, а потоа нагоре ставајте различни состојки како што се зеленчук, житарки и сирење. Распоредот е клучен овде, особено ако ја подготвувате салатата еден ден однапред.

Слој 1: Прво додадете дресинг во теглата. Можете да користите секаков вид на прелив. Ако подоцна го додадете дресингот, состојките што би сакале да бидат суви и крцкави може да омекнат. Ова се однесува особено на преливите со оцет, инаку вашата салата може да овене прерано.

Слој 2: Следниот слој треба да биде зеленчук, како домати, краставици, црвен кромид, аспарагус, целер, пиперки или моркови. Тоа ќе послужи како „заштита“ за зеленчукот што не сакате да се навлажни.

Слој 3: Ова ниво е резервирано за состојки кои не мора нужно да пливаат во дресинг, но не е никаква драма дури и ако се случи тоа. Затоа слободно ставете печурки, тиквички, грав, леќа, грашок, пченка, брокула и така натаму.

Слој 4: Време е вашата салата да добие уште супстанции – затоа додадете намирници како тестенини, ориз, киноа, булгур или кускус.

Слој 5: Додадете повеќе нежни состојки како што е сирењето (фета, козјо сирење… што сакате).

Слој 6: Додадете ги состојките што ќе бидат најмалку привлечни на око и најмалку вкусни доколку се навлажнат – затоа најлесните состојки, како што се зелена салата, спанаќ или рукола, одат на самиот врв на салатата.

Фото: Инстаграм