Како да направите домашен вегански мајонез

Ви претставуваме рецепт со чија помош ќе можете едноставно да направите вегански мајонез од индиски ореви и да уживате во здравиот додаток (прелив).

0
428

Еве одличен рецепт за мајонез без јајца кој благодарение на индиските ореви ќе биде кремав баш како и секој мајонез.

Состојки за домашен вегански мајонез: 

150 г индиски ореви
1/2 лимон
1 чешне лук
2 лажици маслиново масло
вода
сол

Приготвување:

Исцедете го лимонот, исечкајте го чешнето лукче ситно и ставете го заедно со маслиновото масло во блендер. Потоа додадете ги индиските ореви и сол, мешајте во блендер околу 1 минута со повремено додавање вода додека не се добие кремава смеса.

Ви претставуваме уште еден рецепт за подготовка на домашен мајонез со јајца – значи, не е вегански, но е сепак домашен.

Состојки за домашен мајонез со јајца (невегански)

1 јајце
1 лажичка сенф
1 лажичка јаболков оцет
црн пипер
сол
250 мл масло (или повеќе ако е потребно)

Приготвување:

Земете чист сад и ставете ја жолчката во него, потоа додадете сенф, оцет, црн пипер и промешајте со миксер, потоа полека додавајте масло. Мешајте ја смесата додека не почне да станува густа, а доколку е потребно додадете повеќе масло за да ја направите смесата што е можно поцврста.

Потоа, одделно измешајте ја преостанатата белка од јајцето со малку сол, и додадете ја оваа смеса во подготвениот мајонез. Прво измешајте полека со лажица и потоа продолжете со миксер додека не се спојат убаво двете смеси.

Вака подготвениот мајонез можете да го користите како сакате, има одличен вкус и треба да го чувате во фрижидер. Може да стои 7 дена.

Фото: Unsplash