Кажано, сторено: црна ротква со мед против сува кашлица

Црната ротквица со мед е одлично решение за сува кашлица. Овој природен рецепт е еден од наједноставните и најевтините. Не го објавуваме за првпат, но за првпат го испробавме. Пробајте го и вие!

0
397
Овој природен лек е одлично средство за искашлување кај болестите на горниот респираторен тракт, а сирупот се подготвува еден ден претходно. Многу лесно, едноставно и евтино. Не рекле залудно дека лекот е без пари, ако го знаете.
Епа ова е еден од тие лекови.

Состојки:

1 поголема црна ротквица

2 лажици мед (ако сте алергични на мед, можете наместо тоа да ставите 4 лажици шеќер)

Приготвување:

Убаво измијте ја ротквицата и исушете ја. Ако не стои правилно, отсечете го долниот дел малку за да биде стабилна. Исто така, исечете малку од горниот дел што ќе служи како капак. Потоа направете вдлабнатина, а sидовите нека бидат дебели 2 см (слично како што се длаби тиква).

Истурете мед во ротквицата, треба да наполните повеќе од половина. Покријте го со врвот што ќе го исечете и оставете го да стои преку ноќ. Во утринските часови, во ротквицата ќе се создаде сируп кој ќе ви помогне да се ослободите од сувата кашлица.

Примена на сирупот:

Треба да го земате овој сируп 4-5 пати на ден, неколку минути пред јадење. Возрасните можат да земаат по 1 лажица, а децата по 1 лажичка.

Како да се надополни сирупот:

Во текот на денот ќе го користите сирупот, а потоа додадете мед или шеќер во истата ротквица во вечерните часови и наутро пак ќе имате подготвен сируп. По два или три дена, сменете ја ротквицата.

Овој сируп нè ослободува од кашлицата брзо, но со дијабетичарите и децата под една година треба да се биде внимателен бидејќи повеќе мед може да предизвика алергии.

И покрај лековитите својства, постојат контраиндикации за употреба кај акутни гастроинтестинални заболувања, заболувања на црниот дроб, жолчното кесе и бубрезите.