Италијански пијалак по скопски рецепт

Лимончело направено без гуглање, по инстинкт и по свој вкус...

0
460

Нашиот читател Стефан годинава решил да експериментира со ликери. Па така, после ликерот со џин и јагоди, кој како што вели, тешко дека ќе остане за зимоска, сега направил ликер од лимони. Како и првиот пат, решил да не гугла за рецепт туку да си го направи по свое.

Лимоните ги споил со вотка за која вели дека му дозволува на овошјето да доминира со својата арома, што не е случај кога ликерите се прават со ракија.

За проба направил доза од 3 лимони, секако, отстоени во вода, исчеткани и добро исчистени со сода бикарбона, иако е најдобро доколку имате лимони од сопствено производство, ако ви се наоѓа некоја саксија по дома.

Лимоните се сечат на кришки и се редат во стаклено шише со широк отвор или во тегла, и тоа, ред лимони, ред шеќер и така до врвот. На крајот се додава вотката, се затвора и се остава да отстои 2-3 недели.