Исчистете ги цревата и спречете го развојот на карцином на дебелото црево

Уште во античко време, грчкиот филозоф Хипократ изјавил дека сите болести започнуваат во цревата. Таа мисла никогаш не звучела повистинито од денес, кога сме сведоци на тоа колку многу луѓе страдаат од карцином на дебелото црево.

0
763

Ако цревата не функционираат правилно и не се празнат редовно, во вашето тело останува токсичен отпад, кој потоа се реапсорбира во телото и буквално го труе одвнатре.

Ако веќе долго време јадете пржена, масна и преработена храна, заситена со токсини и адитиви, ѕидот на вашето дебело црево е обвиткан со зацврстена слуз и колонија на „непријателски“ бактерии.

Како резултат на ова вашето тело не може да апсорбира повеќето хранливи материи, а тоа постепено го слабее вашиот имунитет и ве прави подложни на разни болести.

Темелен  детокс според рецептот на Викторија Семијова, руски експерт за природни облици на лечење:

Знаци дека цревата ви се преоптоварени со отпадни материи и токсини се:

  • запек
  • грчеви во абдоменот или цревата
  • Кандида
  • воспаление на мочниот меур или бубрезите
  • лош здив
  • габи на стапалата

Напиток за детокс на цревата

Со конзумирање на овој пијалок не само што можете да ги исчистите цревата, туку и да го спречите развојот на карцином на дебелото црево.

Користете само домашна и органски одгледувана храна бидејќи во спротивно може да внесете уште повеќе токсини во вашето тело.

Состојки:

½ кг моркови

½ кг свежо цвекло

1 грст сечкани суви кајсии

1 грст суво грозје

1 лажица мед

Приготвување:

Ситно исечкајте ги морковите и цвеклото и ставете ги во тенџере.

Истурете врз зеленчукот зовриена вода, така што водата да биде на два прста над зеленчукот.

Потоа додадете ги исечканите сушени кајсии и суво грозје. Ставете го на оган и веднаш штом ќе зоврие, тргнете го садот од оган.

Кога ќе се олади, додадете 1 лажица мед во течноста. Префрлете ја на некое ладно место и оставете да отстои 12 часа.

Потоа исцедете ја течноста преку газа и чувајте ја во фрижидер.

Пијте половина чаша три пати на ден, пред јадење.

Можете исто така да консумирате парчиња овошје и зеленчук одделно или едноставно да ги додадете во вашиот оброк.

За подобро да ги исчистите цревата, применувајте го овој рецепт еден месец. Наведената количина ќе ви биде доволна за 2 дена.

Придобивки од состојките од пијалокот за детоксикација

Цвеклото  совршено ги чисти цревата, црниот дроб и крвта и спречува формирање на бубрежни и жолчни камења.

Покрај витамините Б1, Б2, Б6 и Ц, тој содржи целосен асортиман на минерали, како што се калциум, калиум, магнезиум, фосфор, стронциум и бром.

Благодарение на аминокиселината бетаин, цвеклото  исто така го спречува формирање на клетки на тумор во организмот.

Морковите имаат силни антиоксидантни својства и содржат бета-каротин, кој се претвора во витамин А во организмот.

Овој витамин е моќен борец против слободните радикали и чувар на вашиот имунитет, што е исто така неопходно за раст на клетките и здравјето на очите.

Морковите ја чистат крвта и бубрезите, го балансираат нивото на шеќер во крвта и штитат од карцином.

Придобивките од сувите кајсии и суво грозје се многубројни.

Оваа комбинација на суво овошје го елиминира вишокот слуз од вашите стомачни органи и придонесува за здравјето на црниот дроб и слезината.

Сувите кајсии делуваат како благ лаксатив и ја поттикнува елиминацијата на отпадот од телото.

Сувото грозје исто така го стимулира варењето на храната, ја ублажува анемијата и го намалува ризикот од карцином.

Медот, исто така популарно наречен “течно злато”, често се користи како природен лек во народната медицина.

Содржи протеини, витамини и минерали кои му се потребни на организмот и има силни антибактериски својства.

Природниот мед содржи пробиотици кои ја стимулираат активноста на т.н. добри бактерии во цревата.

Фото: Pixabey