Исчистете ги бубрезите од песок, слуз и камења за 2 недели

Со помош на оваа лековита и евтина житарка исчистете ги бубрезите на природен начин.

0
583

Многумина што го пробале просото како метод за лекување на камења во бубрезите и песок, велат дека тоа им помогнало толку многу што веќе немаат никакви проблеми. Просото ефикасно ги чисти бубрезите, ги елиминира песокот и слузот, ги отстранува малите камења од бубрезите и мочниот меур, помага при женски болести и лечи циститис. Патем, просото е една од најпознатите житни култури кое има висока хранлива вредност и лековити својства.

Рецепт

Измијте една чаша просо во топла вода. Потоа ставете го просото во поголема тегла и прелијте 2/3 од теглата со врела зовриена вода. Затворете ја, добро протресете, завиткајте ја во нешто топло и оставете ја преку ноќ. Протресете ја теглата повторно наутро. Ќе забележите бела заматена течност во теглата. Ова е вашиот лек. Претурете ја оваа течност од теглата во друг сад. Пијте во текот на денот без ограничување, во која било количина, кога сакате.

Вечерта, подгответе нова доза за следниот ден, по истата постапка. Овој сок треба да се пие 10-15 дена.

Резултат: по 10-15 дена, каменот ќе се стопи и ќе излезе заедно со урината, а бубрезите се исчистени од песок, слуз и камења. Елиминирано е воспалението, ткивото на бубрезите и органите на уринарниот тракт се обновени.

Оваа житарка е многу пристапна. Не е скапа, и можете да ја најдете во сите продавници за здрава храна. Со воведување на просо во вашата исхрана, ќе придонесете за здравјето на бубрезите.

Фото: Pixabay