Исхрана за заболени од карцином на дојка

Иако не можете да го победите ракот на дојка само со правилна исхрана, можете значително да му помогнете на организмот да се избори со него. Еве на која храна треба да ѝ обрнете внимание.

0
409

Иако не можете да го победите ракот на дојка само со правилна исхрана, можете значително да му помогнете на организмот да се избори со него. Еве на која храна треба да ѝ обрнете внимание.

Многу жени кои се засегнати од оваа болест го преиспитуваат својот режим на исхрана и се прашуваат што можело да доведе до појава на рак. Многумина веруваат дека значителните промени во исхраната можат многу да влијаат на крајните резултати. Иако не можете целосно да го излечите ракот на овој начин, можете значително да го подобрите имунитетот и полесно да ги поднесете третманите.

Што е корисно?

Нема храна или додатоци кои можат да дејствуваат како магичен еликсир за да се излечи и да се спречи враќањето на ракот.

Ако се опоравувате од операцијата, примате хемотерапија или одите на зрачење или некој друг третман, вашата главна цел е, се разбира, да се ослободите од ракот и добро да го поднесете третманот. Храната може да ви помогне во тоа.

Не можете точно да предвидите како ќе тече терапијата, вашето општо здравје и килажата исто така може да играат значајна улога. Кога поминувате низ лекувањето, наслушнувајте го вашето тело и неговите реакции. Некои жени продолжуваат да подготвуваат оброци и да работат нормално за време на третманот. Исто така, ќе има денови кога ќе се чувствувате слаби и ќе немате апетит. Бидете флексибилни, прилагодливи и, со помош на лекар и нутриционист, смислете добра диета.

Многу овошје, зеленчук и протеини, избалансиран избор, ќе ви понудат доволно сила во борбата. Тоа ќе го зајакне вашиот имунитет и ќе ја олесни борбата против можните инфекции за време на лекувањето на рак на дојка.

Треба да обрнете внимание на:

– Многу повеќе овошје, зеленчук и цели зрна

– Намалете го внесот на маснотии

– Јадете помалку кисела и чадена храна

– Грижете се за здрава тежина (на некои жени им се препорачува и да ослабат)

– Минимизирајте го внесот на алкохол или елиминирајте го целосно

– Консумирајте, по можност, органска храна

– Зголемете го внесувањето на мисиркино и пилешко месо, риба (3 пати неделно), мешунки, леќа

Брокулата, кељот, зелката, особено прокељот се многу важни во исхраната, како и житарките и сировата храна. Еве уште неколку други намирници што треба да ги имате на вашата трпеза: ориз, пченка, пченица, зелена салата, спанаќ, блитва, цвекло, келераби, поточарка, целер, магдонос, моркови, морач, речиси сите видови кромид (особено лук), соја, грашок, кикирики, рогач, краставица, модар патлиџан, домат, тиквички, тиква, зелен чај, рен, семе од лен и ким, босилек, жалфија, нане, агруми, калинка.

Од друга страна, ограничете го внесувањето на: говедско, јагнешко, сирење, масни намази, крекери, маргарин, но и грејпфрут.

– Маслиновото масло е многу препорачливо. Најмалку две лажици на ден, на пример со свеж зеленчук. Користете 1 лажица екстра девствено маслиново масло за 1 чаша сечкан свеж зеленчук.

– Кога избирате зеленило, нека биде она со потемни лисја, како спанаќ, бидејќи е полн со фолати и витамини од групата Б.

– Доматите исто така треба да бидат вклучени во исхраната, бидејќи се полни со ликопен, моќен антиоксиданс кој штити од рак, но исто така го запира развојот на клетките на ракот.

– Намалете го внесувањето слатки и префрлете се на поздрави грицки.

Фото: Pexels