Илјадници автомобили чекаат во ред за храна во Тексас

Во саботата, банката за храна во Северен Тексас (NTFB) дистрибуирала повеќе од 600.000 килограми храна за околу 25.000 луѓе. Според организаторите пандемијата „Ковид-19“ ја зголемила потребата за храна во градот.

0
193

Илјадници луѓе викендов се наредиле во ред за намирници за време на дистрибуцијата на банката за храна во Далас, Тексас, а според организаторите пандемијата „Ковид-19“ ја зголемила потребата за храна во градот.

Во саботата, банката за храна во Северен Тексас (NTFB) дистрибуирала повеќе од 600.000 килограми храна за околу 25.000 луѓе, според портпаролката Ана Куруан. Биле поделени 7.280 мисирки на семејства, изјавила Куруан за Си-ен-ен.
Фотографиите обезбедени од NTFB покажуваат илјадници автомобили наредени во ред за намирници. Куруан рекла дека потребата за храна се зголемила со пандемијата, со тоа што Тексас минатата недела стана првата американска држава што пријави 1 милион случаи на коронавирус.
„Четириесет проценти од луѓето што минуваат низ вратата на нашите партнери го прават тоа за првпат“, рекла таа.
Банката за храна на Северен Тексас дистрибуирала повеќе од 600 000 килограми храна на настанот на 14 ноември.
НТФБ има закажано уште неколку вакви настани во текот на неделата.

Фотографијата е од ТУКА.