Измешајте млеко и леќа и направете одлични палачинки без брашно (ВИДЕО)

Овие палачинки се одлични за сите кои се на диета, но и за оние кои не се. Единствената работа на која треба да мислите ако сакате вакви палачинки без брашно за појадок, е да ја накиснете леќата навечер

0
842

Можете лесно да ги подготвите овие палачинки за појадок само не заборавајте да ја накиснете леќата навечер.

Наутро ви се доволни 10 минути и во чинијата ќе имате вкусни и здрави палачинки кои можете да ги комбинирате и со солено и со слатко, по желба.

Состојки:

1 чаша црвена леќа 190 грама
2 чаши вода 400 мл
1 чаша млеко 200 мл
20 мл или 2 лажици маслиново или растително масло
2 јајца
1 пакетче прашок за печиво 10 грама

Приготвување:

Прелијте ја леќата со вода и оставете ја да кисне околу 10-12 часа или преку ноќ.

Наутро исцедете ја леќата и додадете ѝ го млекото па изблендирајте убаво. Додадете јајца и масло и измешајте за да добиете смеса без грутчиња. На крајот додадете и прашок за печиво.

Намачкајте ја тавата со масло и пржете ги на вообичаен начин.

Фото: Unsplash