Зошто треба да пиеме кафе без шеќер?

Според Американското здружение за здравје на срцето, жените не треба да го надминуваат дневниот внес на шеќер од шест лажички, а мажите девет. Ако кафето би бил единствениот извор на шеќер што го внесуваме секој ден, три лажички по чаша не би биле проблем, но не е.

0
970

Кафето е здрав пијалок ако се конзумира во умерени количини, бидејќи е богато со растителни влакна и помага во спречување на дијабетес и срцеви заболувања.

Но, има нешто во врска со кафето што не е добро, а тоа е шеќерот. Пиењето засладено кафе му штети на вашето тело повеќе отколку што мислите. Шеќерот го забавува метаболизмот, предизвикува воспаление во организмот и го зголемува нивото на шеќер во крвта, што, по првично подигнување на енергијата, предизвикува таа драматично да падне, за само неколку часа.

Покрај тоа, шеќерот го поттикнува акумулирањето на вода во организмот, има лош ефект врз кожата и таа станува сува и уморна, додека самото кафе има одличен ефект врз кожата. Ако пиеме црно, млако кафе, кожата ќе стане блескава и затегната.

Според Американското здружение за здравје на срцето, жените не треба да го надминуваат дневниот внес на шеќер од шест лажички, а мажите девет. Ако кафето би бил единствениот извор на шеќер што го внесуваме секој ден, три лажички по чаша не би биле проблем, но не е.

Има насекаде шеќер затоа што тој е конзерванс, дури и во храна во која не го очекуваме.

Најдобро е да се префрлите на горчливо, црно кафе. Иако е тешко да се менува утринскиот ритуал, откако ќе се навикнете на незасладено кафе, слаткото повеќе нема да ви биде привлечно. Откријте колку самото кафе, ако го исфрлите млекото и шеќерот, има богат вкус.

Фото: Pixabey