Зошто треба да го вклучиме рогачот во исхраната?

0
297

Со 100 грама рогач ќе добиете 222kcal и 4,6 g протеини, 89 g јаглени хидрати и помалку од 1% маснотии. Од минералите во рогачот, има значителна количина калциум, железо, магнезиум и фосфор, како и цинк, бакар, манган и селен. Во 100 гр рогач има 40 гр влакна што го прави одличен извор на влакна. Исто така е одличен извор на витамин Д и витамини Б.

Поради богатиот нутритивен состав, рогачот има голем број позитивни здравствени ефекти:

Малку маснотии

Со помалку од 1 процент маснотии во својот состав, рогачот може да се смета за храна без маснотии. Се препорачува за луѓе кои следат некаква диета која содржи малку маснотии.

Ниска содржина на натриум

Високата содржина на натриум е поврзана со зголемен ризик од голем број на болести, вклучувајќи:

Висок крвен притисок
Срцев удар
Мозочен удар
Остеопороза
Болест на бубрезите.
Затоа, рогачот се препорачува за луѓе на кои им се советува да избегнуваат натриум.

Содржи калциум, но не и оксалати
Калциумот е важен минерал за здравјето на коските. Но, покрај тоа, овој минерал има функција и во здравјето на срцето, нервниот систем и мускулната функција.

За разлика од какаото, кое често се користи наместо рогач, рогачот не содржи оксалати, состојка што ја намалува способноста на телото да апсорбира калциум. Исхраната богата со оксалати го зголемува ризикот од развој на бубрежни заболувања.

Висока содржина на влакна
Влакната имаат важна функција во функционирањето на телото, особено на дигестивниот систем. Влакната помагаат за:

Подолго чувство на ситост, што придонесува за помал внес на храна
Спречуваат запек
Одржуваат правилна функција на дебелото црево
Учествуваат во контролата на шеќерот во крвта
Го намалуваат холестеролот

Не содржи глутен
Глутенот е протеин што се наоѓа во пченицата, јачменот, ‘ржта и голем број други намирници, а за луѓето кои страдаат од целијакија, овој протеин го стимулира имунолошкиот систем да изврши еден вид напад врз тенкото црево.

Луѓето кои страдаат од целијакија или имаат нетолеранција кон глутен, треба да избегнуваат храна што ја содржи.

Помага при диареја
Благодарение на танинот што го содржи, рогачот се користи како природен лек против диареја. Танините се полифеноли кои се наоѓаат во некои растенија.

Студиите потврдија дека земањето рогач богат со танин со одреден тип на рехидратација е безбедно и ефикасно за третман на акутна диареја кај деца на возраст од 3-21 месеци.

Добар извор на антиоксиданти
Претходно споменатите полифеноли се исто така моќен антиоксидант, а во рогачот наоѓаме дури 24 различни полифеноли. Антиоксидантите го намалуваат оксидативниот стрес и дејството на слободните радикали и се сметаат за антивоспалителни, антиканцерогени, антидијабетични и невропротективни агенси.