Зошто тостот со авокадо и овошје е добар за вашето срце?

Овој вкусен појадок е полн со влакна, антиоксиданси, витамини и масни киселини кои ја поддржуваат правилната работа на срцето

0
104

Ако сакате да го одржувате срцето во топ форма, започнете со првиот здрав оброк во денот. Има еден појадок кој е прилагоден од кардиолозите: тост со авокадо и овошје. Овој трендовски тост ја оправдува својата популарност затоа што содржи многу придобивки кои ја поддржуваат работата на срцето. Кога ќе го комбинирате со зрнесто овошје или со банана, ќе добиете уште повеќе придобивки за вашиот неуморен орган.

Еве зошто тостот со авокадо и овошје е добар за срцето.

1. Содржи витамини и минерали здрави за срцето

Од леб од цели зрна и авокадо до бобинки и банани, секоја состојка на овој комбиниран појадок обезбедува богатство на витамини и минерали кои на вашето тело му се потребни за да има силно срце. Целите зрна содржат витамини од групата Б, како што се тиамин, рибофлавин и ниацин, кои се неопходни за здрав метаболизам и нервен систем, додека другиот витамин Б, фолатот, игра клучна улога во создавањето на црвените крвни зрнца. Целите зрна се исто така богати со железо, кое го пренесува кислородот во крвта.

А, за овошје кое е навистина здраво за срцето, изберете банана. Бананите се полни со калиум, што ја подобрува функцијата на ендотелот и циркулаторниот систем и го намалува крвниот притисок. Но, ако навистина не ги сакате, бобинките се уште една здрава намирница за срцето. Јагодите и боровинките се полни со витамин Ц, кој е важен за зајакнување на кардиоваскуларните функции, како и за одржување на здрав имунитетен систем.

Според студијата од август 2011 година во Current Hypertension Reports​, исхраната богата со калиум е поврзана со понизок крвен притисок и намален ризик од мозочен удар, корорнарна срцева болест, срцев удар и други кардиоваскуларни заболувања.

2. Полн е со влакна

Овошјето и житарките се полни со растителни влакна, кои не само што го стабилизираат шеќерот во крвта и ве одржуваат сити, туку исто така можат да помогнат во намалувањето на нивото на холестерол во крвта и шансите за развој на срцеви заболувања, дебелина и дијабетес тип 2. Авокадото се издвојува од другите овошја и зеленчуци благодарение на големата количина на растворливи и нерастворливи влакна, се вели во студија од март 2016 година во списанието Nutrients.

Покрај тоа, авокадото има помалку фитити и оксалати – соединенија познати како „анти-хранливи материи“ затоа што можат да попречат во апсорпцијата на важни минерали како калциум, железо, цинк и магнезиум – отколку другите извори на влакна.

3. Тој е одличен извор на антиоксиданси

Овошјето е фантастичен извор на антиоксиданти или хемикалии кои се борат против слободните радикали кои можат да ги оштетат клетките и генетскиот материјал. Антиоксидансите можат да бидат особено важни за поддршка на здравјето на срцето.

Особено, бобинките „пукаат“ од флавоноиди, кои се природни антиоксиданти и полифеноли кои го зголемуваат нивото на азотен оксид (подобрување на васкуларната функција) и ги неутрализираат слободните радикали и другите „негативци“ во крвотокот, истовремено зголемувајќи го добриот холестерол и го намалуваат крвниот притисок.

Авокадото, исто така, поседува моќни антиоксиданти во форма на витамин Е. Прелиминарните истражувања сугерираат дека исхраната богата со овошје богато со антиоксиданти е поврзана со намален случај на хроничен оксидативен стрес, што е поврзано со здравствени проблеми, вклучувајќи кардиоваскуларни болести.

4. Обезбедува омега 3 масни киселини

Верувале или не, авокадото е меѓу првите десет намирници со најмногу омега-3 масни киселини, видовите полинезаситени масти кои се поврзани со намален ризик од срцеви заболувања.

Навистина, студија од февруари 2020 година открила дека редовното внесување на омега-3 (преку масна риба или преку додатоци во исхраната) е поврзано со пониски триглицериди и се смета за кардиопротективно кај жените. Значи, за уште поголем внес на полинезаситени масти, додадете во тостот од авокадо масна риба како лосос кој е полн со омега-3. Риба за појадок може да звучи чудно, но чадениот лосос на тост од авокадо целосно ги менува работите.

Фото: Pexels