Зошто не треба да јадеме помеѓу главните оброци?

На желудникот му е потребен и одмор, затоа по процесот на варење би требало да му дадеме барем еден час одмор. Затоа, наша препорака е помеѓу главните оброци да има оптимална пауза од најмалку пет часа (од крајот на едниот до почетокот на другиот оброк).

0
198

Желудникот е орган чија должина е 25 см и може да прими четири литри цврста или течна храна. Создаден е за механичка разградба, но и за хемиско варење на храната. Ѕидовите на желудникот се состојат од мноштво набори или ресички, а внатрешноста на желудникот е покриена со дебел слој на слуз. Ако овој заштитен слој не постоеше, желудникот би се сварил самиот себе – желудочните сокови би го свариле заедно со храната. Долниот дел од желудникот е т.н. пилорус (отвор) преку кој сварената храна од желудникот се влева во дванаесетпалачното црево. Тој е опремен со кружен, задебелен слој на мазен мускул кој го контролира ослободувањето на желудочната содржина низ пилоричниот отвор во дванаесетпалачното црево и истовремено го спречува враќање на желудочната содржина назад.

Што се случува во желудникот кога ќе се најадеме?

Стомакот ја обработува храната во три фази – првата е хемиска, во втората се случува перисталтика (мускулни контракции кои остваруваат мешање на содржината – храна во желудникот), а третата фаза подразбира преместување на сварената храна.

Најпрво се затвора горниот сфинктер (вид на мускул во горниот дел на желудникот) и се лачат желудочни киселини, од кои најефикасна е хлороводородната киселина, која е многу силен растворувач, па затоа се користи во индустриското производство за растворање на метали. Киселините полека се концентрираат и ја опкружуваат храната, што трае околу четириесет минути. Потоа следи втората фаза на варење, ѕидовите на желудникот почнуваат да се собираат и да се шират, со цел да се обезбеди добро механичко дробење на храната. Кога целата храна во желудникот достигнува иста pH вредност и рамномерно се вари, доаѓа до третата фаза на варење – преместување на храната во мали количини во дванаесетпалачното црево. Под нормални околности, овој процес трае четири часа, додека варењето на многу мрсна храна трае и до шест часа.
На желудникот му е потребен и одмор, затоа по процесот на варење би требало да му дадеме барем еден час одмор. Затоа, наша препорака е помеѓу главните оброци да има оптимална пауза од најмалку пет часа (од крајот на едниот до почетокот на другиот оброк).
Набљудувајќи го процесот на варење со помош на Х-зраци, лекарите дошле до шокантни откритија. Лицето кое јаде неколку коцки чоколадо на секои два часа по редовниот појадок, има повеќе од половина од содржината на појадокот во желудникот по 13,5 часа.
Во друга студија, студентите за појадок добивале житарки, тост, овошје и јајца. Специјални тестови потврдиле дека по четири часа студентите имаат празен желудник. Неколку дена на студентите им бил даван истиот појадок, а потоа, во друга пригода, по два часа им бил даден уште еден сендвич со путер од кикирики или парче колач од диња со млеко. Резултатот покажал дека дури и по 6-9 часа, дел од појадокот сè уште бил во желудникот. На еден студент му било давано по парче чоколадо двапати после појадок во текот на претпладнето и повторно истото попладне. Резултатот покажал дека дури и по 13 часа од појадокот, дел од содржината останала во желудникот.

Што се случува кога новата храна ќе пристигне во желудникот два часа по оброкот?

Благодарение на пристигнувањето на нова храна, pH вредноста на желудочната средина веднаш се менува. Желудникот ги запира своите активности и повторно настануваат сите три фази на варењето – од концентрирање на желудочните сокови, преку перисталтика до одење на сварената храна од желудникот. Храната која е претходно сварена повторно поминува низ сите три фази – слично како кога ќе го запреме процесот на перење во машината за перење, ќе додадеме повеќе алишта и ќе ја вклучиме програмата од самиот почеток.

Што се случува со старата, веќе делумно зготвена храна?

Во храната почнуваат да се создаваат отровни ферменти и други хемикалии – алдехиди, алкохоли, амини и естери – почнуваат да се формираат во храната, кои влијаат на мозокот, црниот дроб, бубрезите и другите чувствителни ткива. Продуктивноста се намалува и лицето чувствува малку вртоглавица, има проблеми со концентрацијата и може да стане раздразливо. Како резултат на ферментација на претходната храна, се јавува состојба слична на онаа по конзумирање алкохол. Постојаното присуство на храна во желудникот го принудува желудникот да создава големи количини киселини и ензими за варење кои ја раствораат не само храната, туку и нежната слузокожа на ѕидовите на желудникот. Со текот на времето, се развива воспаление – гастритис, па дури и чир на желудник.

Кога се јаде помеѓу главните оброци, во устата долго се задржува кисела реакција што подоцна доведува до настанување на кариес. Во траење од два часа по оброкот, се случува одлив или испирање на минерали од забите (т.н. деминерализација) и само по истекот на тој период минералите се враќаат назад (реминерализација).

Грицките и ужинките, исто така, придонесуваат и за прекумерна тежина и дебелина, особено затоа што слатката и масна храна најчесто се конзумираат помеѓу главните оброци.
После оброците се зголемува и нивото на триглицериди. Резултатот на тоа е зголемена адхезија на тромбоцити – „лепење“ на крвните плочки, со што се зголемува и ризикот од згрутчување на крвта (срцев удар, исхемичен мозочен удар). Секој оброк го стимулира панкреасот да произведува инсулин. Ако произведува инсулин премногу често, тој е преоптоварен и може да предизвика ниско ниво на шеќер во крвта – хипогликемија. Тоа може да биде првиот симптом на дијабетес, кој понекогаш се манифестира и неколку години подоцна.

Фото: Pixabay