Зошто медитеранската исхрана е сѐ уште број еден во светот

Се смета за најздрава исхрана во светот четврта година по ред. Откријте како и зошто медитеранската исхрана делува превентивно на развојот на болести

0
267

На реномираната американска платформа U.S. News & World Report, која секоја година рангира различни диети ширум светот, четврта година по ред е прогласена за најдобра медитеранската исхрана. Статусот „број еден“ ѝ го додели тим од одлични нутриционисти, доктори и советници чија цел е да обезбедат сигурни и научно докажани информации и нутриционистички упатства.

„Бројни студии потврдуваат дека медитеранската исхрана, која пред сѐ се базира на зеленчук, овошје, морска храна, јаткасти плодови, маслиново масло и зачински билки, придонесува за долговечност и превенција на хронични заболувања. Големата предност на оваа исхрана е тоа што не исклучува ниту една група намирници.

Токму поради нејзината разновидност, таа е хранливо избалансирана, вкусна, лесно применлива и долгорочно одржлива“, се наведува во U.S. News & World Report во кој медитеранската исхрана е на прво место во следните категории: наједноставна диета за придржување, најдобра правилна/здрава исхрана, најдобра диета за превенција и третман на дијабетес и најдобра диета за здравјето на срцето.

Фото: Unsplash