Зошто е добро да се јадат лупени бадеми?

Потопете ги бадемите во вода навечер, изедете ги наутро! Само така ќе можете да ги искористите сите хранливи состојки

0
273

Традиционалната кинеска медицина вели дека е многу важно да се потопат бадемите во вода преку ноќ и потоа да се јадат излупени наутро, а еве и зошто!

Танинот што се наоѓа во кожата на бадемот спречува вашето тело да ги апсорбира сите добри состојки што ги има ова јаткасто овошје.

Затоа, пред да ги консумирате, натопете ги во вода преку ноќ и горчливата кожа ќе се отстрани, а киселината од вашиот желудник ќе може да се позанимава со сите хранливи состојки што сега ги нудат бадемите.

Инаку, бадемите се полни со протеини, влакна, витамин Е, калциум, цинк, фосфор и магнезиум, и само без кожата сите овие состојки доаѓаат во полн сјај.

Ајурведата исто така го советува овој начин на консумирање бадеми, но исто така  советува и да ги јадете веднаш по будењето, бидејќи со тоа се регулира лачењето на хлороводородна киселина во стомакот, но исто така се спречуваат и киселини и други дигестивни проблеми.

Фото: Pexels