Знаете ли која е билката со најубаво име?

Оние кои често страдаат од респираторни болести, имаат слабо варење, неправилна столица, надуеност и гасови, или пак страдаат од ревматски болки, нарушувања на бубрезите и мочниот меур, може да се обидат да си го најдат спасот во природата. Таа пак често како вистински спас им ја нуди најубавата билка, кај нас позната како - мајчина душица. Како да ве лекува и самото име, нели?

0
502

Самото име ѝ е некако лековито, па само што ќе го изговорите, некако, како да ви станува подобро. Барем мене ми делува така. Затоа ако сакам да се напијам чај, првиот избор ми е секогаш токму тој – чај од мајчина душица, една од најлековитите билки што може да се најде на нашите простори.

Позитивно влијае на разни болести, од кои на самиот врв се токму оние на кои и најмногу делува: нервозата и депресијата. Кога сте во ваква состојба, ништо не може да ви помогне повеќе отколку мајчина душица.

Препорачлива е и во случаи на астма, бронхитис, туберкулоза, како олеснување на искашлувањето, но и за смирување на кашлицата, во случај на ангина, за нарушувања на бубрезите, за гинеколошки заболувања, за грип и настинки.

Оние кои страдаат од чест бронхитис, секрет во белите дробови, имаат слабо варење и неправилна столица или пак страдаат од ревматски болки, може да си го најдат спасот во мајчината душица.

На пример, доколку имате проблеми со грип и настинка, ви препорачуваме да пиете чај од мајчина душица секој ден. Инхалирањето со чај од мајчина душица влијае на подобри резултати од искашлувањето, односно ја поттикнува хидратацијата на организмот, а водената пареа од чајот успешно ја разредува секрецијата во бронхиите.

Чај од мајчина душица (подготовка)

Една лажица чај на 3-4 децилитри врела вода, оставете го покриен 10-15 минути. Потоа исцедете, засладете по желба (најдобро со мед), додадете малку сок од лимон и пијте во голтки во текот на целиот ден.

Чајот има силно антисептично дејство и е ефикасен и при воспаление на црниот дроб и бубрезите.

Билни перници од мајчина душица

Ако имате проблеми со стомакот и менструалните болки, се препорачува да направите перничиња од мајчина душица. Стеблата и цвеќињата може да се постават во памучна навлака, да се загреат пред спиење и да се стават на стомакот. Тие помагаат дури и при ревматизам.

Зачин од мајчина душица

Освен во медицински цели, употребата на мајчина душица е позната и како зачин во многу кујни. Одлично оди со риба и разни видови месо, а често како зачин се користи во медитеранската кујна и се додава на зеленчук, разни јадења со месо, паштети, риба, салати, сосови и супи.