Знаете ли кои се најдобрите алтернативи за кравјото млеко?

Според диететичарите, старото добро млеко од соја е најдобро или барем на исто рамниште како и новото во серијата алтернативни видови на млека – млекото од грашок!

0
686

Алтернативите за кравјо млеко се веќе подолго време во тренд и дефинитивно, има за секого по нешто, без оглед на тоа дали сте алергични на лактоза, на јаткасти плодови или едноставно не ви се допаѓа некој вкус.

Но дали овие алтернативи за млеко се поздрави од кравјото млеко?

Кога станува збор за хранливи материи, комерцијално достапните верзии на млека од јаткасти плодови, семки и мешунки содржат различни количини на протеини и растителни влакна (обично по 1-4 г секое, на порција од 1 чаша) затоа што тие се направени со мешање на доминантната состојка со вода. Можат да содржат околу 100 калории или помалку во зависност од односот.

Потрошувачката на помалку калории може да биде добра ако цел ден го пиете своето ладно кафе со незасладено млеко од бадеми, но може да биде помалку пожелно ако барате хранлив додаток во вашата утринска шолја.

Многу од овие алтернативни млека, исто така, чинат повеќе од кравјото млеко, но може да вреди да се трошат во зависност од тоа колку често и каде ги користите.

Клучно е да ги проверите етикетите.

Што да барате во алтернативните видови млеко?

Најмалку 7-8 г протеини по порција

Што е можно помалку состојки

Зборот „незасладен“ и „0 г додаден шеќер“

Ограничена заситена маст (особено кај оние изработени со кокос или додаден протеин)

Помалку од 140 мг натриум по чаша

Зацврстување со калциум и витамин Д

Хранливи материи за кои лично сте заинтересирани (како омега-3)

Најдобрите алтернативи за млеко се типично незасладени мешавини од соја или грашок (Да, добро прочитавте), кои се збогатени со калциум и витамин Д. Овие две хранливи материи подобро се апсорбираат кога се консумираат заедно и се корисни за силни коски, регулирање на хормоните, и општ имунитет – особено за вашите малечки. Ако се придржувате до веганска диета, ќе треба да барате мешавини кои содржат витамин Б12, витамин А и ДХА / ЕПА омега-3.

Фото: Pixabey