Знаеме дека јаткастите плодови се здрави, но како е најдобро да се консумираат?

Јаткастите плодови се најдобри кога се консумираат во комбинација со други јаткасти плодови. Мешани, сирови и незачинети, се најдобар извор на нутриенти и антиоксиданси.

0
510

Без оглед дали ги консумирате како додаток на оброкот или како меѓуоброк, јаткастите плодови во својот состав носат бројни благодети, а одлични се и за зачувување на целокупното здравје.

Студијата од 2004.година објавена во Harvard Medical School Family Health Guide утврдила дека јаткастите плодови се најдобри кога се консумираат во комбинација со други јаткасти плодови. Така мешани, сирови и незачинети, се најдобар извор на нутриенти и антиоксиданси, наведува health.com.

Сепак, секој од овие плодови е посебно добар за здравјето на мозокот, простатата или за губење на килограмите, а еве ги нивните особености.

Бадеми, ф’стаци, индиски оревчиња

Иако сите јаткасти производи се исклучително здрав додаток на исхраната, некои од нив сепак содржат нешто помалку каории од другите. Плодови со најмалку калории се бадемите, а следуваат индиските ореви па ф’стаците.

Секако, важно е да се напомене дека станува збор за природни плодови кои не се пржени и на кои не им е додадена сол.

Ореви

Со висок процент киселини погодни за срцето, оревите спаѓаат во плодови кои се најдобри за здравјето на срцето. Покрај тоа, студијата од 2006.година покажала дека оревите се подеднакво успешни во намалувањето на воспаленијата како и во оксидацијата на артериите после полномасен оброк. За вакви резултати, сметаат, потребно е да се изедат осум ореви дневно.

Кикирики

Кикириките се јаткасти плодови богати со фолна киселина, а тој факт го прави и исклучително погоден за заштита од пад на когнитивните функции.

Покрај тоа, извонреден извор е на фолна киселина и за вегетаријанците како и за бремените жени, а извор е и на здрави масти и витамин Е.

Пекан орев и бразилски орев

За заштита од рак на простата се користи бразилски орев затоа што содржи селен, но не би смеело да се претера со овие ореви затоа што прекумерната количина на селен се доведува во врска со дијабетес тип два.

Од друга страна, пекан оревот содржи стероид кој ги ублажува симптомите на зголемена простата.

Бадеми

Бидејќи се најголем извор на калциум, бадемите се извонредни за целокупното здравје, а богати се и со витамин Е кој делува противвоспалително. Токму затоа, бадмеите се намирници кои мора да ги вклучите во својата исхрана за успешна превенција од болести.

Фото: Pixabey