Земете лукче на празен стомак!

Само едно лукче наутро ги олеснува стомачните проблеми, влијае на циркулацијата, помага при висок крвен притисок, го стимулира варењето на храната

0
350

Многу студии покажале колку се силни лековитите ефекти на лукот. Овој зеленчук е уште поефикасен ако се јаде на празен стомак, затоа што бактериите така се повеќе изложени на дејството на лукот.

Луѓето кои страдаат од висок крвен притисок тврдат дека лукот помага во ублажување на нивните симптоми. Покрај тоа што има корисен ефект врз циркулацијата, лукот делува превентивно и на појавата на срцеви заболувања и им помага на црниот дроб и мочниот меур да работат правилно. Тој е исто така ефикасен во олеснување на стомачните проблеми, како што е дијарејата.
Ако се зема на празен стомак, лукот исто така може да ги ублажи и проблемите со нервите. Во исто време, лукот го стимулира варењето и го контролира апетитот.

Фото: Pexels