Здрав прелив за салати

Без оглед дали постите или не, веројатно сте желни за нови вкусови на својата салата. Испробајте го овој сос за салата од таан и од ѓумбир, кои идеално одат со сите видови салати

0
492

Таанот го алкализира организмот и е извонреден избор за поздраво срце и крвни жили, кожа, зглобови и мускули. Помага за работа на мозокот и го штити организмот од стареење.

Ѓумбирот пак е природен сојузник на варењето и му дава сила на организмот при инфекции, а на јадењата им дава специфична лута нота која многумина ја сакаат.

А медот, за него исто така е веќе сѐ кажано и сите знаеме дека е супер намирница во која луѓето уживаат многу долго.

Уживајте и вие во комбинацијата на овие состојки во едноставен прелив за салати за кој ви се потребни само 5 минути.

Состојки:

2 лажици таан

½ -1 лажица мед

Прстофат свежо изрендан ѓумбир

2 лажици вода

Приготвување:

Ставете ги сите состојки во мал сад и добро измешајте ги.

Прилагодете го соодносот на слатко и луто по ваша желба и зачинете ја својата омилена салата.

Ако немате таан, можете сами да го направите, а за тоа ви се потребни:

2-3 лажици маслиново масло

200 г сусам

Смелете го сусамот во блендер со 2-3 лажици маслиново масло.

По желба на таанот можете да му додадете и 1-2 лажици сок од лимон и морска сол.

Фото: Freepik