Состојки:
2 ипол чаши овесни снегулки
4 јајца
1 чаша павлака
3/4 чаша мед
1/4 чаша сок од лимон
1 лажичка рендана кора од лимон (по желба)
1/4 чаша мак
2 лажички прашок за пециво
прстофат сол
Приготвување:
Смелете ги овесните снегулки во блендер.
Во голем сад изматете ги јајцата, па додадете ја павлаката и мешајте додека не се соединат. Додадете мед, кора од лимон и сок лимон и повторно промешајте.
Во смесата додадете ги смелените овесни снегулки, семето од афион, прашокот за пециво и солта.
Мешајте додека смесата не се соедини, истурете ја во калап и печете во рерна загреана на 180 степени 30 до 35 минути.
Рецептот е преземен од ТУКА.