Здрава запршка без брашно

Оваа намирница ќе ви ги згусне јадењата, а наспроти сите други варијанти, многу е лековита и евтина

0
900
Фото: Unsplash

Кога сакаа да ja згуснат супата, гравот или некој сос, нашите мајки и баби правеа запршка, односно мешаа брашно со масло или некоја друга маст и го додаваа во јадењето.

Денес постојат поедноставни и поздрави алтернативи за згуснување на течните јадења „на лажица“, кои се полни со протеини.

Црвената леќа е најдобрата замена за нездравото пропржено брашно.
Таа е лесно сварлива мешунка која содржи околу 330 калории во 100 грама сува леќа и приближно 24 грама протеини од растително потекло.
Не е неопходно да се кисне со часови пред термичка обработка, како што е случајот со наутот или гравот, а потребни се само околу 15 минути за да се свари.

Што треба да направите?

Исплакнете ја црвената леќа во ладна вода за да ги отстраните сите нечистотии и додадете ја во супа, грав или некој друг сос 15 до 20 минути пред крајот на готвењето.

За време на термичката обработка, леќата ќе „испие“ добар дел од течноста во тенџерето и ќе се распадне, а со тоа ќе го згусне јадењето што го подготвувате.

Доколку не ви се допаѓа лушпестата текстура на зготвената леќа, изблендирајте го јадењето.

Колку леќа треба за да се згусне јадењето?

Користете 100 грама сува црвена леќа на 500 мл до 1 литар течност како вода или супа. Количината на леќата ќе варира во зависност од тоа што ќе ставите во супата или течноста и колку сакате да биде густа.

Леќата целосно ќе се распадне и нема да го почувствувате во оброкот.