Здрава варијанта на панираните пилешки стапчиња

За многумина панираните пилешки стапчиња се највкусни пржени во врело масло, но со овој метод на подготовка тие ќе бидат полни со масло. Поздрава алтернатива е да се печат во рерна, но мора да се внимава месото да биде сочно и крцкаво.

0
284

Еден од триковите што можете да ги направите за вашите пилешки стапчиња да бидат крцкави и сочни, а притоа, наместо нездрави и мрсни какви што се кога ги пржиме во масло, да ги испечете во рерна, е маринирање на месото во сурутка. Ако немате сурутка (ја има во некои продавници за млечни производи или на пазарите), можете да ја замените со мешавина од половина чаша млеко и лажичка и пол сок од лимон или оцет.

Ако не го сметате времето поминато за маринирање на месото, оброкот се подготвува брзо и лесно.

Состојки:

700 гр пилешки гради

1/2 чаша сурутка

1 лажица мармалад од портокал

1 лажичка сос од соја

За панирање:

3 лажици трошки од леб

2 лажици сусам

1 лажица маслиново масло

1/2 лажичка сол

Приготвување:

Измешајте ги сурутката, мармаладот и соја сосот, а потоа додадете го исеченото пилешко и мешајте додека месото не се премачка. Покријте и оставете го во фрижидер на половина час или подолго.

Загрејте ја тавата, додадете ги трошките од леб во еден слој. Пропржете ги на тивок оган додека не станат темни, а потоа додадете го сусамот. Кога смесата ќе стане златно кафеава, додадете го маслото, зачинете со сол и промешајте.

Загрејте ја рерната на 200 степени. Ставете во садот за печење алуминиумска фолија и ставете го во рерната со тоа што ќе ја поставите решетката најгоре. Извадете го месото од маринадата (немојте да го цедите) и ставете го пилешкото во мешавината од презли и сусам.

Печете го пилешкото 15 минути и оставете да се излади 5 минути пред да го послужите.

Фото: Pixabey