Звучи како сон: здрав, чоколаден појадок со малку калории и многу енергија

Првиот оброк во денот треба да обезбеди доволно енергија, а во исто време да биде здрав. Е сега, ако згора на сѐ, треба да биде и вкусен, еве го нашиот предлог

0
230

Се обидувате да ја направите вашата исхрана што е можно поздрава и да користите што повеќе корисни намирници во вашите оброци. А сакате да биде и нешто вкусно, со што помалку калории, и со што повеќе витамини и хранливи материи. Еве го нашиот предлог за здрав, вкусен и брз појадок. Да, повторно станува збор за овесни снегулки, ама овојпат – чоколадни!

Потребни се:

3 лажици овесни снегулки

2 дл млеко

1 лажица какао

1 банана

2 лажици ореви

цимет по вкус

ако сакате додадете и 1 лажичка мед

Приготвување:

Сварете ги овесните снегулки со млеко и какао, а потоа ставете ги во сад во кој ќе ги додадете останатите состојки. Кога ќе се олади, додадете исечкана банана, ореви и малку цимет. Ако сакате можете да додадете и лажичка мед.

Фото: Unsplash